Познат идентитетот на атентаторот од Истанбул | Свет | DW | 04.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Познат идентитетот на атентаторот од Истанбул

Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу не соопшти повеќе детали од истрагата по атентатот во Истанбул во новогодишната ноќ. Потрагата по него сѐуште трае.

Според зборовите на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, турските безбедносни служби го идентификувале осомничениот напаѓач врз гостите на новогодишна забава во локал во Истанбул.Познати се личните податоци на злосторникот, потрагата по него продолжува, изјави Чавушоглуво разговор со државната новинска агенција Анадолу, но без да наведува детали.

Уапсена и сопругата на напаѓачот

Одговорноста за нападот врз клубот „Реина“ во новогодишната ноќ, при кој загинаа 39 лица, ја презеде терористичката организација Исламска држава.И покрај бројните апсења, меѓу кои и на сопругата на осомничениот атентатор, на турската полиција досега не ѝ успеа пробив во потрагата. Во западнотурскиот град Измир, според агенцијата ДХА, во врска со нападот биле уапсени 27 осомничени лица, со што вкупниот број на уапсени достигна до 43 лица.

Напаѓачот ноќта на Нова година упадна во клубот „Реина“ во Истанбул, пукајќи непречено врз гостите, по што успеа да побегне.

Продолжување на вонредната состојба за три месеци

Турскиот парламент синоќа ја продолжи вонредната состојба во земјата, воведена по обидот за пуч во јули, за натамошни три месеци. Владата притоа ги користи своите проширени овластувања за пресметка со опозицијата. Анкара за обидот за преврат го обвинува исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД. Според најновите бројки, досега за наводна поврзаност со мрежата на Ѓулен во Турција се уапсени преку 41.000 луѓе. Истрага е поведена против 100.000 лица, јавува новинската агенција Анадолу.  

 

DW.COM

Реклама