Фотографија на денот: Пожарите кај Атина зафатија и куќи | Информации и анализи за Балкан | DW | 28.07.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Фотографија на денот: Пожарите кај Атина зафатија и куќи

Пожарите кои беснеат северно од Атина се проширија на населено подрачје.

Во подножјето на планината Пендели гори подрачје во должина од неколку километри, изјави градоначалникот на местото Дионисос, Јанис Калафателис. Огнот ги има зафатено и куќите, а населението е евакуирано. Во врска со пожарите е отворена истрага и уапсени се четири лица

Против огнот се борат десетици пожарникари. Тие имаат поддршка од воздух од десет хеликоптери и осум авиони за гаснење пожари. На нашата #ФотографијаНаДенот - авион за гаснење пожар во близина на селото Родополи, северно од Атина.