1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Пожари во Австралија: Шокантно и застрашувачки

ЕМФ
8 јануари 2020

Борбата против огнената стихија во Австралија ни оддалеку не е завршена. Штетите се огромни.

https://p.dw.com/p/3Vswz
BG Waldbrände in Australien | Glut
Фотографија: AFP/S. Khan

Состојбата со пожарите во Австралија не се смирува. Бројот на загинати се зголемува, штетите се огромни. Економијата страда - од земјоделството до туризмот. Австралискиот премиер Скот Морисон оцени дека ситуацијата е „шокантна и застрашувачка“.

Дождот и температурите околу 23-от степен им дадоа малку време за здивнување на пожарникарите, но борбата против пламените јазици ни оддалеку не е завршена. Во сојузната држава која е најмногу погодена, Нов Јужен Велс, сѐ уште има околу 100 пожари. Се стравува дека состојбите во петок можеби повторно ќе се влошат поради тоа што се очекуваат температури над 40-от степен.