Пожарите и натаму беснеат | Теми на денот | DW | 25.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пожарите и натаму беснеат

Состојбата е критична во Битолско,Скопско,Гостиварско,Прилепско,насекаде владее мобилна состојба

default

Една човечка жртва,десетина објекти,десетина илјади хектари пеплосани шуми,тоа е биланс на огнената стихија која беснее трет ден во околината на Битола.Околу 170 жители од населбата Баирот,каде живее ромско населнеи,се евакуирани.Овдека ситуацијата беше и сеуште е критична.Огнот стаса до куќата на Миланка Тромбевска,едвај ја спасија од огнот:

„Беше во оган,не можам да станам од постела,и така не ми беше добро,уште тоа сами ми требаше.Цел Баир се собра,и жени и деца,за да помогнат во гаснењето на огнот,но помош немаше,пламенот одеше кон куќите надолу.Секој носеше што нашол при рака,лопати,мотики,копаа,помагаа колку што можеа“.

„Чудо го спаси манастирот 40 Маченици,огнот го заобиколи,“вели Димитар Павловски,кој ноќта ја помина спасувајќи ги конаците.

„Беше страшно,огнот идеше како од некој хорор- филм,последните куќи беа спасени само од мештаните,овде излегоа околу 200 луѓе.“

Ќамил Аземовски од градежното претпријатие „Нискоградба“ го гаснеше пожарот кај Крклино.Дома не е отиден 30 часа,температурата горе е до 70 степени,вели тој:

„Опасно е,горат куќи,планините,кој не беше горе да види,не знае како изгледа,не знаеш дали да гаснеш или да се чуваш,од една страна гаснеш,од друга наново се шири оган“.

Пристигнува и странска помош

Помош пристигнува од Турција,Словенија,Грција,но огромно количество борова шума е неповратно уништено,вели градоначалникот Владимир Талески:

„Се работи за исклучително тежок пожар на многу голема површина кој што за разлика од вчерашниот ден на тие простори каде дејствуваше е локализиран и сеуште е под контрола,но топлото време и ветрот навистина можат да не‘ изненадат.Потоа,се работи за пожар кој што се шири во делот над Драгарино,северозападно од областа каде гореше вчера,се работи исто така за борова шума,што е отежувачка околност,како и за непристапен терен“.

Апел од претседателот

Вчера Битола ја посети и претседателот на државата Бранко Црвенковски.Од армијата се вклучени 900 претставници,но потребно е да се вклучат сите расположиви сили,апелираше тој:

„Состојбите се под целосна контрола,најголемата опасност е веќе отклонета,во смисла дека можат да бидат зафатени и делови од градот,но треба да се биде исклучително внимателен,временските прилики не ни одат на рака,како што гледате високите температури продолжуваат и натаму.Затоа,ќе се одржи мобилноста на сите кои беа и досега вклучени.Треба да се ангажираат сите потенцијали и од страна на јавните претпријатија,без разлика дали говориме за јавни претпријатија на централно или на локално ниво,а би сакал да ја искористам приликата и да упатам апел до сите граѓани на Република Македонија секогаш кога е тоа потребно да покажат висока свест и самите да се вклучат во оние активности,кои се неопходни.“