Поголема медиумска почит кон оние кои мислат поинаку | Свет | DW | 03.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Поголема медиумска почит кон оние кои мислат поинаку

Новинарите се под сѐ поголем притисок, дури и во земји како САД или Полска. Тоа има врска со стеснетиот јавен дискурс, оценува Инес Пол на Денот на слобода на печатот.

Бројките се отрезнувачки: сѐ повеќе новинари ширум светот се под притисок, нивната работа се спречува, во најлош случај тие се соочуваат со закани, затворани се или убивани. И покрај сите меѓународни напори, владите во земји како Египет или Бурунди постапуваат сѐ побезобѕирно со новинарите.

Во Турција, по невидениот бран репресии по обидот за пуч минатото лето, состојбата на новинарите и медиумите е драматично влошена. Над 150 новинари се затворени, меѓу нив и германскиот Турчин Дениз Јуџел. Во земји каде владее војна или се во криза, како Сирија, Авганистан, Ирак или Јемен, новинарите се изложени на смртна опасност од сите страни. Дотолку поважна станува работата на меѓународните медиуми, кои работат на повеќе јазици и чија задача е и да ги снабдуваат цензурираните пазари со независни информации.

Непријателска реторика

Тука, меѓутоа, има нешто што мора да го вклучи алармот. Имено, најновиот извештај на „Репортери без граници“ покажува дека и во етаблирани демократии слободата на печатот запаѓа под сѐ поголем притисок. Непријателската реторика кон медиумите се чини кај политичарите во земји како САД или Полска во меѓувреме е станата дел од добриот тон и го отвора патот кон рестриктивни закони, кои ги зголемуваат овластувањата на тајните служби за надгледување или се закана за свиркачите.

Во тоа предничи Доналд Трамп, кој со својата кампања за неколку месеци успеа го дискредитира сериозното известување на етаблирани медиумски куќи и кој со своите неисфилтирирани и непроверени информации, благодарение на Твитер секојдневно допираше до милиони луѓе. Неретко тој едноставно шири лаги и редовно упатува обвинувања кон оние кои сериозно известуваат за ваквите целни погрешни информации. Особено ако тоа е критички насочено кон неговата личност и политика.

Pohl Ines Kommentarbild App

Инес Пол, главна уредничка на ДВ

Одзивот притоа е многу добар и тоа не само кај неговите приврзаници. Дури и жестоките критичари на новиот американски претседател се согласуваат со тврдењето дека печатот одамна не е веќе слободен, дека е или управуван од големиот капитал, или во најмала рака само малку се занимава со вистинската реалност на нормалниот човек и дека така и известува.

Загуба на веродостојноста

Сето тоа не е ограничено само на САД. И во земји како Полска, Франција, Холандија и Германија професионалното новинарство не било толку малку ценето како во моментов. Благодарение на новите можности на мрежите, се забележува развој кој можеби може да се претвори во најголема закана за слободата на печатот - губење на веродостојноста.

Зашто, кога не би им се верувало на професионално образованите новинари, кои се чувствуваат обврзани на почитување на основните етички принципи, на луѓето со многу специфични интереси би им било полесно да завладеат со јавниот дискурс на социјалните мрежи. За таа цел се употребуваат лажни вести, потпалување теории на заговор или сајбер-мобинг на несакани личности. Етаблираните формати на вести веќе нема да можат да се спротивстават на тоа, зашто тие сѐ повеќе губат на релевантност во јавните соочувања.

Многу опасно за демократиите

Тоа за демократиите е многу опасно и воопшто не е лесно да се надмине. Ние, луѓето во медиумите, носиме дел од одговорноста за ваквиот развој. Со претендирањето дека само ние ја имаме вистината, им олеснивме на луѓе како Доналд Трамп.

Етаблираните медиуми можат да го повратат својот углед само ако успеат сериозно да слушаат. Пред сѐ сериозно да ги слушаат оние кои мислат поинаку, кои се сомневаат, кои се загрижени, кои се чувствуваат заборавени и кои затоа се вртат кон популистите кои наводно имаат едноставни одговори.

Медиумските работници треба да класифицираат, но не и морално да дефинираат што е добро, а што лошо. Барем ние во Германија имаме правен систем кој многу добро уредува што смее, а што не смее да се каже.

 

DW.COM

Реклама