Повторно земјотрес на Ломбок, расте бројот на жртвите | Панорама | DW | 09.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Повторно земјотрес на Ломбок, расте бројот на жртвите

Трет земјотрес во рок од десет дена го потресе индонезискиот остров Ломбок. Новиот биланс на жртвите од претходниот е 227 лица.

Во најновиот од серијата земјотреси на Ломбок, со сила од 6,2 степени, се урнати објектите оштетени во двата претходни силни земјотреси, соопшти индонезиската Служба за заштита од катастрофи. Неговиот епицентар се наоѓал на длабочина од 12 километри во морето, според податоците на националната Агенција за временски прилики, клима и геофизика. Поради серијата последователни потреси, многумина жители на индонезискиот остров Ломбок од неделата претежно престојуваат на отворено. Околу 150.000 луѓе засега не можат да се вратат во своите домови, а околу 1.500 се хоспитализирани поради тежината на нивните повреди. Најголем број од туристите го имаат напуштено островот. Во земјотресот со јачина од 6,9 степени во неделата, според најновите официјални информации од Службата за заштита од катастрофи, смртно настрадале најмалку 227 лица, но некои агенции наведуваат и уште повисоки бројки - 347 луѓе.

Спасувачките екипи се обидуваат со механизација да стигнат до евентуални преживеани во урнатините на куќите, џамиите и училиштата, иако надежта за тоа е сѐ помала. Во вторникот беше извлечен жив маж од под урнатините на една џамија. Исклучително тешко се одвива и згрижувањето на бројните повредени и луѓе без покрив над главата, зашто недостигаат лекови, храна и кебиња.

Индонезија се наоѓа во исклучително нестабилна тектонска зона, спаѓа и во т.н. Пацифички огнен прстен со преку 450 активни вулкани, од кои според експертите, во самата земја моментно се активни 120 вулкани.

DW.COM

Реклама