Повторно загинати во протестите во Венецуела | Свет | DW | 25.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повторно загинати во протестите во Венецуела

Во борбата за превласт во Венецуела приврзениците на власти и опозицијата се непомирливи. Во новите протести повторно загинаа неколку луѓе. Само во Каракас на демонстрациите имаше десетици илјади луѓе.

Во демонстрациите за и против шефот на државата Николас Мадуро во Венецуела повторно загинаа повеќе луѓе. Како што соопшти ополномоштеникот на владата за човекови права, Тарек Вилијам Сааб, во градот Мерида во западна Венецуела со истрел во грлото бил убиен вработен во локалната самоуправа. Четири лица се притоа тешко повредени. Сааб одговорноста за трагедијата ѝ ја префрли на опозицијата, со оглед дека станувало збор за демонстрант, кој излегол на улица да го поддржи социјалистичкиот претседател Мадуро. Во градот Баринас загина најмалку едно лице исто така од истрели од огнено оружје. Во овој случај опозицијата за убиството ги обвини мотоциклистичките банди на социјалистите.

Повик за слободни избори

Во главниот град Каракас пак дојде до судири меѓу полицијата и маскирани демонстранти. Полицајците употребија солзавец и гумени куршуми против демонстрантите, кои во источниот дел на Каракас подигнаа барикади. Приврзениците на опозицијата ги нападна полицајците со камења. На мирен собир во главниот град пак учесниците побараа слободни избори, ослободување на политичките затвореници, почитување на одлуките на парламентот во кој доминира опозицијата по избониот успех во 2015 година, како и подобро снабдување на луѓето со прехранбени производи и лекови.

Гледај видео 01:12

Нови насилства во Венецуела

И во сојузните држави Ѕулиа, Мерида, Анзоатеки, Лара и Болива противници на владата излегоа на улиците и ги блокираа важните сообраќајници. „Мирните протести во земјата ќе продолжат сѐ додека господинот Мадуро не го почитува Уставот и не му стави крај на неговиот пуч“, изјави лидерот на опозицијата Енрике Каприлес.

Расте бројот на загинати

Од избувнувањето на протестите на почетокот на април загинаа најмалку 23 лица. Венецуела веќе со месеци се наоѓа во длабока политичка криза. Конзервативните и десничарските противници одговорноста за тешката економска криза во земјата богата со нафта му ја префрлаат на Мадуро. Тие се борат за референдум околу мандато на социјалистичкиот претседател, кој регуларно истекува во наредната година. Мадуро во неделата истакна дека е подготвен за избори, меѓутоа без притоа да наведе точен термин за нивно одржување. 

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама