Повредените во автобуската несреќа се враќаат на лекување во македонски болници | Северна Македонија | DW | 27.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Повредените во автобуската несреќа се враќаат на лекување во македонски болници

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од софиската болница „Пирогов“ и ќе бидат лекувани во македонски болници, деновиве ќе бидат пренесени и останатите преживеани од автобуската несреќа

Отпуштените пациенти од софиската болница „Пирогов“ биле стабили и во добра општа состојба. Тие ќе бидат преземени за натамошно набљудување во медицинските установи во Северна Македонија. Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за изгореници и пластична хирургија при НУ болница „Пирогов" ги предаде пациентите на медицински екипи од Република Северна Македонија.

И другите четворица повредени во несреќата се во добра општа состојба. Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија, е во стабилна состојба, непроменета од вчера.

Гледај видео 03:41

Трагедија на автопатот „Струма“

Според најавите, уште двајца од повредените патници ќе бидат отпуштени од болницата утре, двајца на 30 ноември, а еден на 1 декември.

Во  сообраќајната несреќа  што се случи рано изутрината на 23 ноември на автопатот „Струма“, загинаа 45 лица, а седуммина се повредени. Според бугарските истражители,  жртвите починале од задушување откако автобусот се запалил, а најверојатна причина за несреќата е човечка грешка.