Повлечи-потегни до трговска војна? | Економија | DW | 16.06.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Повлечи-потегни до трговска војна?

Пекинг не се воздржува во спорот со Трамп. Трговска војна на двете најголеми економији во светот станува сѐ поверојатна. Кина сепак ја остава отворена вратата за преговори.

Во трговскиот спор со САД, Кина веднаш најави контрамерки за казнените царини вредни милијарди долари, наметнати од претседателот Доналд Трамп.  Пекинг е подготвен да се бори, но го повикува Вашингтон да продолжи со дијалог. Експертите стравуваат од сериозни последици за светската економија, доколку продолжи да се врти спиралата на меѓусебна трговски бариери.

Како и САД, и Кина сака да ги спроведе царинските давачки за американски стоки во вредност од 50 милијарди долари (42,7 милијарди евра) почнувајќи од 6 јули, како што јави државната новинска агенција Синхуа денеска изутрина повикувајќи се на министерството за трговија во Пекинг. Според министерството конкретно за почеток се планирани  дополнителни давачки од 25% за 545 производи од САД во вредност од 34 милијарди долари. . Погодени се пред сѐ земјоделските производи, автомобилите и производите од рибарскиот сектор.

Датумот за воведување на царините за преостанатите 114 производи ќе биде подоцна објавен. Доколку САД, како што најавија, за возврат воведат дополнителни царини, кинеските власти го задржуваат правото за натамошни мерки, се вели во министерството.

Кинеските државни медиуми остро ги критикуваа американските заштитни царини и предупредуваат дека политиките на Вашингтон би можеле да имаат негативни последици за САД.

Поради честите промени на курсот на Трамп сѐ уште е премногу рано да се биде сигурен дека ќе има трговска војна, пишува весникот „Чајна дејли“.  Сепак, позицијата на Кина е јасна: „Земјата е отворена за дијалог и не се плаши од заканите за  трговска војна. "

 

Реклама