Повлекување на преку 5000 американски војници од Авганистан? | Свет | DW | 21.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Повлекување на преку 5000 американски војници од Авганистан?

Покрај повлекувањето на сите американски војници од Сирија, претседателот на САД, Доналд Трамп, според доброупатени извори, размислува и за значително намалување на американското воено присуство во Авганистан.

САД прават планови да повлечат речиси половина од своите 14.000 војници кои служат во Авганистан, јавуваат американските медиуми, повикувајќи се на инсајдерски извори во американската администрација.

Тоа е остра промена во политиката на администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, со цел да ги натера талибанците да ги прифатат преговорите по повеќе од 17 години војување, наведуваат медиумите.

Неименуван извор во американската администрација изјавил дека војниците можат да бидат повлечени до наредното лето, но оти конечна одлука не е донесена. Не е прецизен ни точниот број војници кои би требало да бидат повлечени од Авганистан, но е наведено дека би можело да станува збор за повеќе од 5000 војници, што значи близу половина од вкупниот контигент.

Трамп долго време беше за повлекување на војниците од Авганистан, но досегашниот министер за одбрана Џејмс Матис го убеди оти треба да останат и да вршат притисок на талибанците и да се борат против екстремистите од Исламска држава.

Матис синоќа поднесе оставка, а официјални лица наведуваат дека инсистирањето на Белата куќа за повлекување на дел од војниците од Авганистан била една од клучните причини за овој потег на министерот за одбрана.

Американски  претставници најавија дека Трамп ќе ги повлече сите 2.000 војници на САД од Сирија, бидејќи прогласи победа над Исламска држава.

DW.COM

Реклама