Повеќе повредени со напад со нож во Либек | Свет | DW | 20.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Повеќе повредени со напад со нож во Либек

Најмалку 14 лица се повредени во напад со нож врз патници во автобус во германскиот град Либек. Напаѓачот е уапсен, но детали околу мотивите засега не се соопштуваат

Преполниот автобус се движел кон популарна плажа во близина на градот Либек во германската покраина Шлезвих Холштајн, кога непознато лице извадило нож и почнало да ги напаѓа патниците.
Возачот веднаш го сопрел автобусот, ги отворил вратите и им овозможил на патниците на побегнат.

„Патници скокаа од автобусот и врескаа. Беше ужасно. Потоа беа извлечени повредените. Напаѓачот имаше кујнски нож“, сведокот на настанот Лотар Х. изјави за локалните медиуми.

Случајно во близина се нашло полициско возило кое веднаш се упатило на местото на настанот, а полицајците успеале да го уапсат напаѓачот.

Gewalttat in Linienbus in Lübeck (picture-alliance/dpa/TNN)

Полициска блокада на местото на нападот во Либек


Според првичните информации, никој не загинал во нападот.
Иако мотивот и целосниот идентитет на напаѓачот не се познати, Германија веќе подолго време е под зајакнати безбедносни мерки по неколкуте исламистички екстремистички напади. Најкравиот се случи на берлинскиот божикен пазар во декември 2016 година кога загинаа 12 луѓе. Напаѓачот, барател на азил од Тунис Анис Амри, украде камион и со него се втурна во масата луѓе во Берлин. Подоцна беше убиен од италијанската полиција откако беше откриен во Милано.

DW.COM

Реклама