Повеќе лица повредени пред британскиот парламент | Свет | DW | 14.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Повеќе лица повредени пред британскиот парламент

Автомобил удри утрината во безбедносните огради пред британскиот парламент во Лондон. Во инцидентот се повредени неколку пешаци. Причините за него засега не се познати.

Еден маж е уапсен во Лондон откако со својот автомобил удрил во безбедносната ограда пред парламентот во британскиот главен град, притоа повредувајќи неколку пешаци, соопшти британската полиција. Точниот број на повредени лица засега не е објавен, но полицијата во Лондон верува дека меѓу нив нема такви кои се во животна опасност. Неколку улици во околината на парламентот се затворени и бројни вооружени полицајци патролираат на местото на инцидентот. Хеликоптери кружат околу Вестминстерската палата, а полициски возила има насекаде. Во меѓувреме, станицата Вестминстер на подземната лондонска железница беше затворена. Засега полицијата не ги има соопштено причините за инцидентот.

„Не знаеме кога повторно ќе бидат отстранети блокадите", изјави еден полицаец за германската новинска агенција ДПА. Парламентот е опкружен со челична и бетонска безбедносна ограда по нападот во март 2017 година. Тоѓаш, напаѓачот со автомобил намерно се движеше во толпата луѓе на Вестминстеркиот мост. Четворица минувачи беа убиени во нападот. Атентатот, исто така, со нож прободе полицаец пред да биде убиен од страна на полицијата.

 

DW.COM

Реклама