Повеќе жртви во експлозија на товарен воз во Бугарија | Панорама | DW | 10.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Повеќе жртви во експлозија на товарен воз во Бугарија

Товарен воз со 26 цистерни со течен гас излетал од шините и експлодираше во селото Хитрино, во североисточна Бугарија. Загинаа најмалку четири лица, уништени се дваесетина куќи

Бројот на жртвите во екслозијата на цистерни од товарниот воз и пожарот предизвикан од неа можно е да расте, зашто дел од повредените дваесетина лица се наоѓаат во тешка состојба. Товарниот воз кој превезувал течен нафтен гас излетал од шините и експлодираше во селото Хитрино, во североисточна Бугарија. Во експлозијата уништени се железничката станица и околу 20 други објекти. Дел од околу 800-те жители се евакуирани.

На гаснењето на пожарот и потрагата по преживеани ангажирани се 150 пожарникари, а полицијата истражува како дошло до инцидентот.

Несреќата се случила денеска утрото околу 5,37 часот по локално време, кога возот влегувал во железничката станица во Хитрино.

Гледај видео 01:29

Експлозија на товарен воз во Бугарија

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама