Побуна на левото крило во Сириза | Свет | DW | 15.07.2015
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Побуна на левото крило во Сириза

По согласноста за Грција во Брисел, врие во владејачката партија Сириза. Една третина од нејзините пратеници ги отфрлаат условите од договорот и имаат намера да гласаат против сопствената влада.

Пратеникот на Сириза Статис Леуцакос, видливо напнат, со заканувачки нијанси во тонот им се впушти на новинарите кои стрпливо чекаа на тротоарот и го замолија за изјава пред средбата на фракцијата на Сириза. „Како дојдовте овде? Ве покани некој?“, протестираше пратеникот. По кратка збунетост, еден од новинарите се потруди за љубезен одговор: „Јасно ви е дека луѓето многу се интересираат за...“. Леуцакос го прекина репортерот: „Кој тебе те покани, човеку? Одиш ли било каде непоканет?“

По седницата Леуцакос, претставник на радикалното лево крило на Сириза, беше нешто поразговорлив и имаше нешто важно да објави: согласноста од Брисел била грешка и тој ќе сторел се’, за таа да не помине во парламентот. А доколку сепак биде одобрена, тогаш тој ќе се борел за да не биде реализирана. На крајот на краиштата, враќањето кон драхмата е „еднонасочна улица“, напомена овој левичарски политичар. Многумина негови колеги од парламентот веќе слично се искажаа, речиси една третина од сите пратеници на Сириза ги отфрла договорените услови. Со тоа стои под прашање поддршката за премиерот Алексис Ципрас, кој денеска по итна постапка го стави на изјаснување во парламентот реформскиот компромис од Брисел. Поради растечкиот отпор во редовите на владејачката партија се оддолжува пленарната дебата; гласањето веројатно ќе се одржи дури по полноќ. Се чини дека е обезбедено мнозинство за премиерот во парламентот, оти речиси сите опозициони партии се со намера да гласаат во прилог на спогодбата од Брисел - но тоа не би било негово сопствено парламентарно мнозинство.

Griechenland Syriza - Stathis Leoutsakos

Пратеникот на Сириза Статис Леуцакос

Расцеп во Сириза

„Гласањето во парламентот предизвика расцеп во владејачката левичарска партија“, оцени политикологот Лефтерис Кусулис во разговор за ДВ. Последиците уште се несогледливи, но во секој случај договорот од Брисел тешко ќе може да се реализира ако голем дел од пратениците од владиниот табор се спротивставуваат, вели тој. „Веројатно по ова гласање и во догледно време ќе дојде до формирање нови партии во Грција, кои ќе се постават против таканаречениоит ’Меморандум за политиката на штедење‘ и ќе им се обраќаат на разочараните избирачи на Сириза. Возможно е да дојде до поделба на Сириза, или пак и да се здружат левичарски и десничарски ориентирани политичари и да создадат нешто сосем ново“, објаснува Кусулис.

Премиерот мора да смета со отпор - тоа го покажа и забележливиот настап на Зое Константопулу, која е претседател на парламентот, на денешната претпладневна седница на парламентарни комисии, кои ги разгледуваа условите за помошта договорени во Брисел. Таа се пожали дека владата во Атина била уценета од партнерите во ЕУ и силно ги предупреди пратениците да не го дозаокружат тоа уценување со давањето согласност за наложеното штедење. Нејзината појдовна позиција, се чини, ја споделуваат и пратениците кои му се верни на Ципрас, но доаѓаат до потполно поинаков заклучок: да, налозите за штедење се уцена, но претставниците на народот можат успешно да се одбранат од тоа само ако гласаат за реформите и со тоа ќе му дадат на Ципрас можност и натаму да се бори за праведна Европа.

Griechenland Demonstration in Athen nach EU Gipfel

На Сириза и‘ се заканува расцеп

За шефот на владата тоа ќе биде „танц на жица“ меѓу барањата на кредиторите и очекувањата во сопствената партија. „Ципрас се поместува в десно, станува поумерен и се прилагодува на неопходностите во вршењето на власта“, оценува Лефтерис Куцулис. Тој смета дека е време премиерот да се развие од шеф на партија во водечка политичка личност. Дали и покрај огромниот притисок од страна на приврзаниците на драхмата во неговата партија? „Ципрас веќе направи отстапка и свртување во насока кон еврото под притисок однадвор. Со тоа веројатно ќе добие поддршка и од избирачите кои досега не гласаа за него; тој сега не може едноставно да се врати назад и да оди во насока кон драхма“, уверен е Кусулис.

На повидок нова влада?

Во моментов Ципрас располага со 149 мандати во 300-члениот парламент и владее заедно со деснопопулистичката партија Независни Грци (Анел), која има 13 пратеници. Исходот од гласањето за бриселските налози за штедење ќе биде решавачки за наредните чекори на премиерот, смета Алексис Папахелас, директор на атинскиот весник „Катимерини“: „Апсолутна граница на подносливост би биле 40 пратеници кои би биле против премиерот“. Во анализата за телевизијата Скај, Папахелас вели дека Ципрас е подготвен за сите евентуалности, во случај повеќе од 40 пратеници да му откажат поддршка: „Можно е формирање на повеќепартиска влада по нови избори наесен“, верува Папахелас.

DW.COM

Реклама