Победниците на најголемиот светски натпревар на фотографии | Панорама | DW | 26.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Победниците на најголемиот светски натпревар на фотографии

Преку 227 илјади фотографии од 183 земји беа пријавени на конкурсот за Светската награда за фотографија за 2017. на јапонскиот концерн Сони. Меѓу добитниците на награди има као професионални, така и фотографи-аматери. 

Среде борбата со т.н. Исламска држава либиски војник, припадник на специјална единица, прави пауза. Италијанскиот фотограф Алесио Роменци овој речиси нестварен момент го „уловил“ со својот фото-апарат во ноември 2016. година, во градот Сирте. Оваа фотографија (горе) на Роменци беше прогласена за најдобра во категоријата „Актуелности и вести“ , една од преку десетте категориии во кои беше доделена Светската награда за фотографија на Сони за 2017. година. Победничките фотографии на „Sony World Photography Awards 2017“ прикажуваат тажни судбини, но и сцени полни со убавина, и што е поважно доаѓаат буквално од сите ќошиња на светот.  На најголемиот натпревар на фотографии во светот годинава беа пријавени вкупно 227,596 дела. 

Фредерик Бујкс од Белгија кој со својата серија фотографии направени некаде во Албанија во кои ги прикажува промените на пределите кога настапува зима беше награден во категоријата „Предел“. И не само тоа .Тој имено е прогласен за фотограф на годината на натпреварот на Сони. Висината на наградата е 25.000 фунти.

Во следната галерија ви ги прикажуваме победничките фотографии на „ Sony World Photography Awards 2017“: 

DW.COM

Реклама