Победникот и „непоразената“ | Северна Македонија | DW | 06.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Победникот и „непоразената“

Победија граѓаните и свечено изјавувам дека ќе им служам посветено на сите, вети новоизбраниот претседател Пендаровски. Неговата противкандидатка Сиљановска Давкова предупреди дека не се сите проблеми на државата решени.

Новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, е уверен дека на изборите победило мнозинството граѓани кое се обединило за концептот „Заедно напред“: „Исходот од овие претседателски избори значи загарантиран пат напред за сите граѓани, кон европскиот и развиен свет каде што припаѓаме“, нагласи тој, ветувајќи дека ќе биде фактор на стабилност, а не извор на кризи.

Гледај видео 02:13

Победникот и „непоразената“

Неговата протвикандидатка Гордана Сиљановска Давкова им се заблагодари на оние кои го дале својот глас за неа и рече дека резултатот покажува оти „во опозицијата мора да се препознае важен актер и фактор“ и дека „власта не е толку силна како што мисли“.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама