Победа на поени за десницата: Меркел предоцна оди во Кемниц | Информации и анализи за Германија | DW | 05.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Победа на поени за десницата: Меркел предоцна оди во Кемниц

Добро е познато дека канцеларката не сака симболични настапи кои не решаваат конкретен проблем. Но, грешка е тоа што деновиве не го посети Кемниц, смета Михаела Кифнер.

„Термин за посетата сѐ уште нема“, велат од градското собрание на Кемниц, но канцеларката Ангела Меркел во телефонски разговор со градоначалнилката на Кемниц Барбара Лудвиг понудила да го посети градот. Таа со задоволство го прифатила тоа. Конкретен датум сѐ уште не е утврден, но посетата дефинитивно ќе биде во октомври. Ова е премногу доцна, бидејќи канцеларката Ангела Меркел го промаши вистинскиот момент. Таа не дојде во ранетиот град во моментот кога беше во нужда. Кемниц, кој од наводното убиство на еден млад човек од страна на неколку бегалци на улица стана бојно поле на десничарите и нивните следбеници. Тоа беше грешка што ќе има последици.

Случувањата во Кемниц не можат да се отседат

Канцеларката, која и сама потекнува од истокот на Германија, остана во Берлин, го оствари своето патување во Африка како што беше планирано, се обиде да го отседи она што требаше да се отседи. Од друга страна, десничарскиот агитатор на Алтернатива за Германија, Бјерн Хеке, веднаш  препозна каков политички капитал може да се собере на улиците на Кемниц. Минатата сабота, тој јавно демонстрираше сојузништво со основачот на Пегида, Луц Бахман и организираше наводен „погребен марш“ низ центарот на градот. Десничарите и екстремната десница обединети ја покажаа нивната наводна "тага". Вклучувајќи  и многу „загрижени граѓани". Вознемиреноста кај луѓето поради она што се случува во нивниот град, во нивната покраина беше видливо за сите набљудувачи.

Повеќе:

-Одбрана на демократијата во Германија, АФД под надзор!

-Сигнал од Кемниц против омразата кон странците

-Очекувано фијаско во Кемниц

Притоа во канцеларскиот кабинет и тоа како препознаа за што тука станува збор. Владиниот портпарол Штефан Зајберт правилно дијагностицираше „порака на омраза кон нашата демократска Германија" и уште во понеделникот апелираше дека „со сите средства на политиката" мора да се делува против тоа. Значи сојузната влада го испрати - кого? Сојузна министерка за семејство, Франциска Гифај! Минатиот петок, новинските агенции објавија дека таа дошла во Кемниц како „прв член на сојузната влада". Само што никој не ја следеше. Ни канцеларката, ниту министерот за внатрешни работи Хорст Зеехофер. Неизвршување на должноста од страна на владината екипа во одбраната на демократијата - и згора на тоа и од страна на сојузниот претседател.

Deutsche Welle Michaela Kuefner, TV Portrait (DW/B. Geilert)

Михаела Кифнер, авторка на коментарот

Но затоа пак од Берлин во моментов има многу телефонски повици. Меркел и Зехофер зборуваат главно со сега видливо исцрпениот  премиер на Саксонија, Михаел Кречмер од редовите на партијата на Меркел, Христијанско-демократската Унија. Нему и критичарите му признаваат дека направил сериозен обид да се соочи со стравовите на граѓаните на организираните дијалози со нив. Фактот дека полицијата го потценила потенцијалот на првите демонстрации пред повеќе од една недела, и со тоа и самата се доведе во теснец, притоа е  симбол на децениското релативизирање на десничарскиот потенцијал за насилство во Саксонија. Незадоволството расте, особено на Истокот. Ќе остане горчливиот впечаток дека Меркел не поита во Саксонија кога беше најпотребно.

Страв од „неубави слики“?

Наместо тоа, во понеделникот вечерта 65.000 луѓе излегоа на концертот против десничарската агитација наречен #wirsindmehr (ние сме повеќе). Се разбира, сите демократи сакаат од општествените превирања кои толку отворено експлодираа на улиците во Кемниц, повеќе да остане „Забава наместо Пегида", а не „Системот е пред колапс". Но, Меркел потфрли да ги искористи нејзините политички средства. Зошто? Затоа што нејзиниот свесен симболизам се уште е туѓ, дури и по речиси 13 години на функцијата? Затоа што поради безбедносни причини така ја советувала Сојузната агенција за борба против криминалот? Впрочем кој сака  дополнително да ја загрози  благосостојбата на локалното население. Или пак едноставно ризикот од производство на неубави слики беше премногу голем? Зашто со сигурност десничарите ќе се мобилизираа на национално ниво за да демонстрираат со извици „Меркел мора да си замине“.

Без оглед која е причината, впечатокот што останува е прикривањето на владата поради страв од десничарите. Победа на поени, која во овие кругови може да биде разберана како охрабрување. Меркел беше таа која требаше да се соочи со оваа бура со сите нејзини политички средства и не да дојде дури откако ветрот ќе се смири.

DW.COM

Реклама