Пласник ги критикува позициите на САД и Русија во однос на Косово | Вести | DW | 10.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пласник ги критикува позициите на САД и Русија во однос на Косово

*

Шефот на австриската дипломатија Урсула Пласник ги критикуваше позициите на САД и Русија во однос на идниот статус на Косово и предупреди од опасноста да се создаваат уште т.н. „студени конфликти“ во Европа. Според Пласник, времето за изнаоѓање на решение за статусот на Косово е сега. Ниту Србија, ниту Косово ќе се присоединат кон САД или Русија, туку кон Европската унија, потсети шефот на австриската дипломатија Урсула Пласник.

Австрија инаку активно учествуваше во разговорите за изнаоѓање решение меѓу Белград и Приштина, кои една година се водеа во Виена со посредство на Марти Ахтисари.