Пионерите на имунотерапијата- Нобелови лауреати | Панорама | DW | 02.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Пионерите на имунотерапијата- Нобелови лауреати

Нобеловата награда за медицина годинава ќе ја добие Американецот Џејмс Алисон и Јапонецот Тасуку Хонџо. Обајцата открија како да се активира сопствениот имунолошки систем во борба против клетките на рак.

На двајцата научници им успеало да постигнат огромен напредок во борбата против ракот, објасни комитетот за Нобеловата награда во Стокхолм. Заради тоа американецот Алисон и Јапонецот Хонџо годинава ќе ја добијат Нобеловата награда за физиологија и медицина. Двајцата откриле како да се користи сопствениот имунолошки систем на пациентот во борбата против ракот. За нивната работа двајцата научници добија веќе бројни важни награди и веќе подолго време важат за кандидати за Нобеловата награда. Темата имунотерапија е веќе неколку години главен тренд во истражувањата поврзани со лекување на канцер.

Што точно е имунотерапијата?

Кога клетките на нашиот имунолошки систем некаде во телото ќе регистрираат т.н. Т-клетки, штетни ќелии на туморот, може директно да ги нападнат. Долго време проблемот беше што имуниот систем немаше начин како да ги препознае тие клетки. токму тоа им успеа на научниците Алисон и Хонџо. Тие развија метод како клетките рак да ги направат видливи за имуниот систем. 

Т.н. „Чекпоинт блокада" веќе се употребува во третирањето канцер. И таа ја разви научникот Алисон. Ќелиите рак праќаат сигнали кои го кочат имуниот систем. Последицата е што имуниот систем не се бори против клетките, туку останува пасивен. Чекпоинт-блокаторот ги блокира сигналите на клетките од канцер и го активира имуниот систем. 

Имуно наместо хемотерапија?

Пред се агресивниот, црн рак на кожата може да се третира со методата што ја разви Алисон. Имунотерапијата докажано функционира кај меланомите, но и кај канцер на бубрези. Научниците се надеваат дека наскоро ќе може да биде искористена и за третирање на други типови рак и дека кај некои од нив ќе може да ја замени хемотерапијата. Покрај операции, зраќење и хемотерапија, имунотерапијата важи веќе сега за четврт столб во лекувањето од канцер.

Кои се двајцата наградени?

Американскиот имунолог Џејмс П.Алисон е роден на 7.август 1948 година. Работи на центарот за канцер MD Anderson при универзитетот во Тексас. Тасуку Хонџо пак е роден 1942 година во Кјото. Тој живее и истражува на тамошниот универзитет. Двајцата научници веќе имаат бројни награди и признанија.

Минатата година наградата ја добија тројцата американски научници Џефри Хол, Мајкл Розбах и Мајкл Јанг за истражувањето на биолошкиот часовник на човекот. Со обзнанувањето на добитниците на Нобеловата награда за медицина во Стокхолм почнува неделата на Нобеловците. Вторник и среда комитетот ќе ги објави имињата на добитниците на наградите за физика и хемија. В петок во Осло ќе биде одликуван Нобеловецот за мир, а претстојниот понеделник и Нобеловецот за економија.  

DW.COM

Реклама