Пет загинати во авионска несреќа во Мелбурн | Панорама | DW | 21.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Пет загинати во авионска несреќа во Мелбурн

Станува збор за најтешката авионска несреќа во цивилното воздухопловство во австралиската сојузна држава Викторија. Катастрофата меѓутоа можеше да биде далеку поголема.

Четворица Американци и австралиски пилот загинаа откако лесен приватен авион удри во трговски центар, набрзо по полетувањето од аеродром во Мелбурн, соопштија властите во австралиската сојузна држава Викторија..

Авионот „Бичкрафт супер кинг ер“ се урна околу 45 минути пред да биде отворен трговскиот центар во предградието Есендон, наведе полицијата.

Американската амбасада во Камбера потврди дека четворица американски државјани загинале во несреќата, а пилотот на авионот, кој исто така настрада, е Макс Квартмејн.

Петмината тргнале од Еседон, вториот по големина аеродром во Мелбурн, на голф излет, а пилотот пријавил „катастрофална грешка на моторот“ непосредно пред несреќата, соопшти шефот на полицијата во Викторија, Стивен Лин. Со оглед на големата експлозија предизвикана од уривањето на авионот, тој истакна дека е неопислива среќа дека никој друг во продавниците и на паркингот на трговскиот центар не е загинат или повреден.

Премиерот на Викторија Даниел Ендрјус изјави дека станува збор за најголемата несреќа во цивилното воздухопловство на Викторија по цели 30 години.

Гледај видео 00:49

Авионска несреќа во Австралија

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама