Петри се повлекува за да се врати како победник | Свет | DW | 20.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Петри се повлекува за да се врати како победник

Одлуката на Фрауке Петри да не влегува во трката за германски канцелар на нејзината партија АФД не значи и крај на нејзината кариера. Еден друг избор е многу поважен за неа, смета Кај Александер Шолц.

Во опширниот профил објавен во Њујоркер во октомври минатата година, Фрауке Петри се споредува со Ангела Меркел - обете жени се од источна Германија и обете се научници со докторат. Копретседателката и најпрепознатливото лице на деснопопулистичката Алтернатива за Германија (АфД) е фасцинирана од подемот на Меркел. Сега Петри гради сопствена паралела. Таа доброволно се откажа од трката да стане германски канцелар, исто како Меркел во 2002-ра, кога таа улога му ја препушти на Едмунд Штојбер. Петри одлучи да не биде водечки кандидат на нејзината партија на изборите во септември.
Како и Меркел пред да стане канцелар, ова повлекување е дел од тактичко размислување. Денешниот губитник може да биде утрешниот победник. Во 2002, Штојбер ги загуби изборите, но Меркел победи во 2005.

Петри се повлекува за да се подготви за посилна офанзива подоцна. Секако дека овој потег е резултат и на недоволната поддршка која ѝ е потребна за да напредува. Но, од стратешка гледна точка, таа сѐ уште може да ја контролира партијата без да ризикува срамен изборен пораз пред јавноста.

Scholz Kay-Alexander Kommentarbild App

Кај-Александер Шолц

АфД е обременета со внатрепартиски судири околу лидерската позиција. Со рационална анализа секој ќе сфати дека таа позиција ќе ја има само неколку месеци. По изборите наесен, АфД речиси сигурно ќе биде во опозиција.

Од друга страна, повлекувањето на Петри е само привремено. Таа веќе го претстави својот „предлог за иднината“ пред партијата, иако истиот беше жестоко критикуван. Сега, таа се обидува да покаже дека делува во интерес на партијата и ги става настрана своите лични интереси.

Клучното прашање за неа и за АфД е дали партијата ќе одлучи да остане „фундаментално опозициска фракција“ или, како што посакува Петри, ќе се обиде да стане партнер во власта.

Петри смета дека за партијата е лошо доколку се позиционира како „фундаментална опозиција“: таквата позиција во парламентот значи долга опозиција, вербални судири кои ќе ги обесхрабрат партиските поддржувачи и на крајот ќе ја ослабнат АфД, затоа што други партии би можеле да ги апсорбираат нејзините цели.

Многу партиските функционери не сакаат ни да разговараат за „предлогот за иднината“ на Петри. Но конечниот збор за тоа ќе го има партискиот конгрес.

DW.COM

Реклама