Пенс повика на соборување на Мадуро од власт | Свет | DW | 02.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пенс повика на соборување на Мадуро од власт

„Дојде време да ѝ се стави крај на тиранијата на Мадуро", изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс во Мајами пред Венецуеланците во егзил. Владеењето на левичарскиот националист мора да „заврши - и тоа сега".

„Ова не е време за дијалог", продолжи американскиот потпретседател Пенс. „Време е да се делува. На маса се сите опции “, истакна потпретседателотн на САД на собирот во Мајами. Советникот за национална безбедност  на претседателот Доналд Трамп, Џон Болтон, на Твитер напишат дека САД се подготвени да обезбедат помош за луѓето од Венецуела, како што се лекови или додатоци во исхраната.

Самопрогласениот преоден претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, за денеска ги повика своите поддржувачи на „најголеми демонстрации" во историјата на земјата. Протести се очекуваат не само во Венецуела,  туку и во во САД, Шпанија, Перу, Мексико и Аргентина, каде живеат многу Венецуеланци. „Венецуелански браќа ширум светот, ние сме еден тим, ние сме една нација, ние сметаме на вас“, истакна Гуаидо во повикот до своите сонародници.

Може ли Мадуро и натаму да се потпира на војската?

Гуаидо положи свечена заклетва како преоден претседател на 23 јануари и отворено го предизвика Николас Мадуро. Социјалистичкиот шеф на државата сé уште може да смета на поддршката на моќната војска. Сепак, Гуаидо со денови се обидува да ги повлече воените сили на својастрана. Меѓу другото, тој им вети амнестија на војниците доколку го поддржат.

Повеќе:

-Последниот нафтен бисер на Мадуро

-Мадуро сака да разговара со опозицијата

-САД сакаат режимот на Мадуро да „искрвари“

Сега Гуаидо се обидува да собере уште повеќе поддржувачи и на меѓународната сцена. Откако беше признат за привремен претседател од страна на САД и голем број земји од Латинска Америка , групата на сојузници би можела да уште еднаш порасне во текот на викендот. Утре, имено истекува ултиматумот на неколку европски земји. Доколку Мадуро не распише слободни и фер избори, Германија, Франција, Шпанија, Португалија, Велика Британија, Холандија и Белгија сакаат да го признаат Гуаидо за легитимен преоден шеф на државата.

DW.COM

Реклама