„Пегаз“: Прислушкуван и мобилниот телефон на Макрон? | Свет | DW | 21.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Пегаз“: Прислушкуван и мобилниот телефон на Макрон?

Според медиумите, софтверот за шпионажа „Пегаз“ бил користен и против францускиот претседател Емануел Макрон и други француски и светски државници и политичари.

Парискиот весник Монд и британскиот Гардијан тврдат дека на листата потенцијални цели за прислушкување со шпионскиот софтвер „Пегаз“ бил и претседателот на Франција, Емануел Макрон. Се верува дека зад следењето на Макрон стоел Мароко.

Монд наведува дека во 2019 година цели биле и тогашниот премиер на Франција, Едуар Филип, и 14 министри од неговата влада. Овие тврдења се засновани на истражувањето на 17 медиумски куќи, кои објавија дека шпионската софтверска програма на израелската фирма НСО е користена за прислушкување на телефоните на новинари, владини службеници и на активисти во хуманитарни организации во целиот свет.

Телефонот на ирачкиот претседател Бархам Салих, исто така, бил на списокот од 50.000 броеви избрани за можно прислушкување, пишува весникот Вашингтон пост.

Повеќе:

-Шпионски софтвер „Пегаз“: Сајбер-напад врз демократијата

Весникот наведува дека не е можно да се утврди дали телефонот на Салих е прислушуван, ниту дали постоел обид тоа да се стори. Салих е во друштво на тројца шефови на држави, 10 претседатели на влади и еден крал чии телефонски броеви се на списокот на потенцијални цели.

Меѓу целите на „Пегаз“ биле и јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса и пакистанскиот премиер Имран Кан, јавува пак Гардијан.

Списокот на прислушкувани со помош на „Пегаз“ вклучува броеви кои ги избрале клиентите на НСО група, израелска шпионска компанија, но тоа не значи оти нивните телефони биле хакирани.

Гледај видео 02:00

Стоп за шпионирањето од НСА во Сенатот

НСО инсистира дека базата на податоци „нема никаква важност“ за компанијата и тврди оти францускиот претседател Макрон не бил „цел“ на ниту еден клиент, што значи дека компанијата демантира оти тој бил избран за надзор со помош на нивниот шпионски софтвер.