Паѓа поддршката за анти-пиратскиот закон во САД | Свет | DW | 19.01.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Паѓа поддршката за анти-пиратскиот закон во САД

По протестот на илјадници интернет-страници во САД паѓа поддршката за контроверзниот закон за анти-пиратерија. Први се повлекоа конгресмените.

Осуммина американски конгресмени ја повлекоа својата поддршка за законот за борба против пиратеријата по 24-часовниот штрајк на интернет енциклопедијата Википедија, и стотици други еминенти интернет-страници. Според проценката на американскиот портал „Политико“, околу 7 илјади интернет-страници му се приклучиле на протестот.

Меѓу оние кои го повлекоа потписот, се и двајца спонзори на законот. Проценките се дека се мали шансите законот да мине во Конгресот.

Неговите критичари велеа дека со законот драстично се намалува слободата на размена на информации и ќе му наштети на интернетот.

Од друга страна, осуда за потегот стигна од Здружението на американската филмска индустрија. Моќната организација која преку своите лобисти во Вашингтон го протурка предлог-законот, оцени дека повлекувањето на поддршката е неодговорност, а протестот на интернет-страници го осуди како „трик“.

Автор: БГ/ АТ/ ап/ ббц

Редактор: Ж. Ацеска