Патријархот Порфириј во Скопје објави: СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА | Северна Македонија | DW | 24.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Патријархот Порфириј во Скопје објави: СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА

Веста ја сооопшти поглаварот на Српската православна црква на заедничката божествена литургија со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан, која што се одржа во соборниот храм „Свети Климент Охридски”

Nord-Mazedonien Gottesdienst der Oberhäupter der Mazedonischen und Serbisch-Orthodoxen Kirche

Заедничка богослужба на поглаварите на СПЦ и МПЦ во Скопје. 24.05.2022

Светиот Собор на Српската православна црква едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, го одобрува и ја прифаќа автокефалноста. Ваквата вест ја сооопшти српскиот партијарх Порфириј, поглаварот на СПЦ, на заедничката божествена литургија со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан, која што се  одржува во соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје.

„Сега браќа и сестри кога дојдовме овде ви носиме уште една радост. Светиот архирејски Собор на СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА и Соборот на нашата црква благословува, одобрува, прифаќа и признава автокефалност. Браќа и сестри во исто време, Светиот собор на нашата црква се става на должност на Синодот. Зеедно и во соработка со Архиепископот Стефан и неговиот Синод да ги разработат сите техничко-организациските детали и ќе следи свеченото прогласување на официјален акт, а потоа сите помесни православни цркви ќе бидат известени и ќе бидат повикани да го прифатат автокефалниот статус на МПЦ-ОА“, рече патријархот Порфириј.

Веста беше пречекана со аплауз од страна на црковните лица и граѓаните коишто присуствуваа на литургијата. Поглаварот на МПЦ-ОА порача дека ова е величествен момент и свет дена оти „55 години седевме, чекајќи го денот некој да се погрижи за нас“. 

-повеќе на темата: Вартоломеј: Заедничката литургија на поглаварите Порфириј и Стефан е чин на помирување

„Ова е ден во кој што дочекавме да ја слушнеме одамна посакуваната вест“, рече поглаварот Стефан, кој се заблагодари на поддршката на вселенскиот патријарх Вартоломеј, но и поглаварот на Српската православна црква којшто во Скопје ја соопшти долгоочекуваната вест за македонските верници. 

Nord-Mazedonien Gottesdienst der Oberhäupter der Mazedonischen und Serbisch-Orthodoxen Kirche

Поглаварите на МПЦ-ОА и СПЦ, Стефан и Порфириј

„Да се радуваме денеска, со нас денеска се радува целата црква, се радува и небото и земјата, се радуваат сите кога браќата се сакаат и кога го слават името Божје. Да се радуваме сите ние кои после 55 години служевме Света литургија, прво во Белград, а сега и во Скопје, за само неколку дена. Еден е Господ и една е црквата негова и една е верата наша.
Затоа денеска се радуваме. Пред нашите се случува чудо. Ние сме дел од тоа чудо“, рече Порфириј.

Веста доаѓа откако мината недела беше одржана заедничка литургија на помирување меѓу двете цркви во Белград. На 16 мај, една недела по одлуката на Вселенската патријаршија, Соборот на СПЦ одобри канонското единство на СПЦ со Македонска православна црква - Охридска архиепископија. 

DW.COM