Патријархот Алексеј Втори во Советот на Европа | Вести | DW | 02.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Патријархот Алексеј Втори во Советот на Европа

*

Мора да постои дијалог меѓу српската православна црква и македонската црква изјави во Стразбур рускиот патријарх Алексеј Втори. Според патријархот решението треба да се најде по пат на дијалог. Алексеј Втори кој е во прва официјална посета на Стразбур во врска со косовското прашање рече и дека процесот на изнаоѓање решение мора да биде отворен за сите кои поволно може да влијаат. Пред Советот на Европа Алексеј Втори зборуваше и за моралните вредности и религиозната концепција на правата на човекот.