Патот кон ЕУ останува отворен, уверува германската владејачка партија | Северна Македонија | DW | 21.10.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Патот кон ЕУ останува отворен, уверува германската владејачка партија

Од партијата на канцеларката Меркел излегоа со изјава во која ги уверуваат Скопје и Тирана дека европскиот пат им останува отворен и ги повикуваат да продолжат со реформите. Париз нема да каже вторпат „не“, велат оттаму.

Двајца пратеници на владејачката германска ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул и Кристијан Шмит од име на двете сестрински партии уверуваат дека ЕУ перспективата на земјите од Западниот Балкан не е затворена со француското вето на самитот во Брисел.

Вадефул ги повика Северна Македонија и Албанија „негативниот исход од Европскиот совет да го земат како поттик за натамошни реформи“.
„Доколку двете земји останат на својот курс, Париз нема да може по вторпат да го сопре почетокот на пристапните преговори. (...) Германија се залага за европска перспектива на Западниот Балкан“, изјави Вадефул.
Неговиот колега од сестринската ЦСУ, Кристијан Шмит вели дека „одлуката на Европскиот совет мора итно да се ревидира“.

Bundeslandwirtschaftsminister - Christian Schmidt (picture-alliance/dpa/M. Kappeler)

Кристијан Шмит повикува на итно ревидирање на француското „не“


„Приближувањето на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ не смее да остане блокирано. Остануваме убедени дека за сите земји од Западниот Балкан има место во ЕУ, откако ќе ги исполнат критериумите. Тоа вклучува и конечно почеток на преговорите“, вели Шмит. Германскиот пратеник предупредува дека доколку „ЕУ не се грижи за Западниот Балкан, други сили во него ќе создадат зони на влијание“.
„Тоа не би требало никој да го посакува“, вели Шмит.

Двајцата пратеници потсетуваат на заклучоците на Бундестагот во кои, особено за Албанија, беа наведени дополнителни услови за почеток на преговорите. Шмит смета дека тие се доволна гаранција за скептични држави како Франција, Холандија или Данска да дозволат отворање на преговорите.

 

DW.COM

Реклама