1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Oliver Spasovski, Prämierminister Nordmazedoniens
Фотографија: Regierung Nordmazedoniens
Криминал

Како се издавале пасоши со лажен идентитет?

ДТЗ
6 април 2021

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше за акцијата во која се приведени деветмина вработени во полицијата кои им издале документи на 215 лица со висок ризик и со потерница.

https://www.dw.com/mk/%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BE%D1%88%D0%B8-%D0%BC%D0%B2%D1%80-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D1%86%D0%B8-%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%820%D0%B0%D0%BF%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B8-%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BF%D0%BE%D0%BB-%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8/a-57114429

Вработени во Управните служби на МВР, како што се вели, ја злоупотребиле службената положба издавајќи македонски пасоши со туѓ идентитет. На тој начин, вкупно 215 лица, од кои 214 странски државјани, се стекнале со фалсификувани пасоши, преку надворешен посредник, кој не е вработен во полицијата.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција соопшти дека се приведени деветмина вработени во МВР, додека по еден се трага. „Преку регионалната соработка од САД беше обезбеден вистинскиот идентитет на лицата. Се работи за лица кои учествувале во нелегална трговија со дрога и други криминални дејствија. Тоа се лица со профил на висок ризик, кои се бараат со меѓународните потерници. Кривични пријави се поднесени за 10 лица, од кои 9 се приведени, а по еден се трага", вели Спасовски. Акцијата, рече, е спроведена со поддршка од регионална канцеларија на амбасадата на САД за истраги и Интерпол.

-повеќе на темата: Грчката полиција потврди дека обвинетите имале бугарски пасоши

Спасовски вели дека оние што добиле пасоши во еден дел се членови на меѓународни криминални групи и на нарко-картели, лица со висок ризик и барани со меѓународна потерница. Како пример тој го наведе екс-разузнавачот Горан Грујевски, кој избега во Грција, со патна исправа под туѓ идентитет на лицето Владимир Варелов.

Mazedonien Reisepass
Пасоши добивале припадници на меѓународни криминални групи, лица со висок ризик и барани со меѓународна потерница, соопшти СпасовскиФотографија: DW

Вчера ВМРО-ДПМНЕ објави соопштение, а потоа лидерот на партијата Христијан Мицкоски на прес-конференција обвини дека власта им издавала македонски пасоши и документи на балкански наркобосови со лажен идентитет. Според опозициската партија, станува збор за афера којашто ја нарекоа „Мафија“. Тврдат дека во МВР се издадени патни исправи со лажен идентитет за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер. Тие, како што се вели, добиле лажни идентитет како Ѓорѓи Андонов и Џадин Адемовски.

-повеќе на темата: Може да се обнови барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски

Министерот Спасовски попладнево го повика Основното Јавно обвинителството да постапи и да ја реши, како што кажа, „саботажата на акцијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“. Според министерот, споделувањето на информации со јавноста кое опозициската партија го направи вчера, можело да ја загрози акцијата и сѐ што било сработено во период од две години.

„Сите кои мислат дека со опструкции и саботажи ќе нѐ спречат во борбата со криминалот, се лажат. Се соочивме со саботажа од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан Мицкоски. Беа пласирани информации кои можеа да ја загрозат акцијата и сѐ што беше сработено во текот на истрагата. Тоа е недозволиво. Лажни вести се дека оваа акција е започната во времето на Наќе Чулев и дека потоа ништо не се работело. Го повикувам Јавното обвинителство да се произнесе за ваквиот обид за саботажа. Правдата ќе ги стигне сите и додека сум јас на чело на МВР борбата со криминалот нема да престане", изјави Спасовски.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница