Партијата на Меркел тоне пред изборите, социјалдемократите водат на анкетите | Информации и анализи за Германија | DW | 24.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Партијата на Меркел тоне пред изборите, социјалдемократите водат на анкетите

Изненадувачки пресврт на еден месец пред парламентарните избори во Германија. Според последните анкети, Социјалдемократите се водечка партија во земјата, пред партијата на канцеларката Ангела Меркел.

За првпат од 2006 година анкетите во Германија покажуваат водство на Социјалдемократската партија (СПД) пред конзервативците на Ангела Меркел. Истражување на телевизијата НТВ покажува дека СПД ужива доверба кај 23 отсто од анкетираните, еден процент пред ЦДУ-ЦСУ на Меркел, која ќе ја напушти политиката по изборите на 26 септември.

До почетокот на летото, ЦДУ-ЦСУ уживаше голема предност во сите анкети, но серијата гафови на Армин Лашет- партискиот наследник на Меркел, ја стопија разликата.
Во јули, Лашет предизвика скандал откако беше снимен како се смее во позадина додека германскиот претседател одржуваше говор во спомен на жртвите од катастрофалните поплави. Од поплавите наваму, конзервативците не успеваат да го запрат негативниот тренд и падот на популарноста.
Во слична ситуација се и Зелените, чиј рејтинг експлодираше на почетокот на годината, но потоа оди само надолу откако кандидатката за канцелар Аналена Бербок беше вплетката во плагијаторски скандал.

Wahlplakat Olaf Scholz

Олаф Шолц од СПД е најпосакуван иден канцелар за Германците

До пред неколку недели, анкетите покажуваа толку лош рејтинг на СПД што многумина ја отпишаа можноста тие да бидат дел од идната влада. Но, минатонеделните резултати веќе покажаа израмнетост на популарноста со партијата на Меркел.

Притоа, се чини дека партиската популарност расте најмногу благодарение на водечкиот кандидат на СПД, Олаф Шолц кого 41 отсто од гласачите го преферираат за иден канцелар, наспроти Армин Лашет кој ја има поддршката од само 16% од електоратот.

 

DW.COM