Партијата на Меркел се простува од политичкиот „центар“? | Свет | DW | 22.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Партијата на Меркел се простува од политичкиот „центар“?

Малата покраина Тирингија и наближувачкиот политички крај на Ангела Меркел предизвикуваат немир во целата земја. Десно, лево, центар – накаде ќе се оди во Германија? Некогаш се‘ беше толку убаво одредено и прегледно.

„Голема владина коалиција“ како сојуз на двете народни партии ЦДУ и СПД со расположливо комотно мнозинство во Германија долго се сметаше за синоним на политичка стабилност. Во малата источногерманска покраина Тирингија, чисто бројчено, би била можна голема коалиција, но меѓу Левицата и Алтернатива за Германија, односно двата крајни пола на политичкиот спектар. Класичните партии на политичкиот центар заедно не располагаат со мнозинство. Но, коалиција на партиите на левичарите и десничарите, како во Италија во 2018/2019 година, во Германија е исклучена. Сепак, се дискутира дали Христијанско демократската унија треба да се отвори кон левицата или десницата, иако партиското раководство тоа всушност го забранува. Зашто, Службата за заштита на уставниот поредок врши надгледување на делови од Левицата и АфД.

Се случи враќање на поларизација каква што во Западна Германија по 1945 година никој веќе не посакуваше. По политички нестабилната Вајмарска Република и цивилизацискиот крах на нацистичката диктатура не смее да се случуваат веќе „никакви експерименти“, потенцираше првиот сојузен германски канцелар Конрад Аденауер. Во Уставот беше направен обид за создавање политичка стабилност со правни средства. Затоа, на пример, гласање за доверба на премиерите е дозволено само во случај ако на еден кандидат наследник истовремено му стои на располагање потребно мнозинство.

ЦДУ и СПД, како партии на главните политички текови во 20. век, конзерватизмот и социјалдемократијата, си доделија нова етикета: „народни партии“. Нивна цел беше да бидат понуда за што поголем број граѓани, да бидат обврзани кон општото добро, а не кон одредена клиентела. По Француската револуција од 1789 година настаната популарна шема на десница и левица, со своите јасни спротивности, требаше да биде ослабена во корист на „трет пат“. Компромисниот и порамнувачки поим „социјално пазарно стопанство“ најдобро ја илустрира оваа претензија. „Третиот пат“ стана успешен модел.

Изборни победи на „центарот“

На почетокот на 1970-те години во политиката се појави нов поим: „политички центар“, кој прерасна во омилен изборен слоган. Зад него се криеше стратегијата за привлекување на средниот слој, граѓанскиот центар. Високо курсираа типично граѓанските вредности како одмереност, центар, консензус и рамнотежа.

Но, стремежот кон политичкиот центар отсекогаш имаше критичари. Францускиот политиколог Морис Диверже уште во 1959 година пишуваше за „природниот феномен на партиски дуализам“. Во САД, Велика Британија и Франција, односно најстарите демократии во светот, овој дуализам егзистира со векови: против себе се борат меѓусебно две главни партии според традицијата на десница и левица.

Wahl des Lieblingskanzlers bei Little BIG City BdT (picture-alliance/dpa/Britta Peders)

„Центарот“ стана растеглив поим

Ангела Меркел како лидер на ЦДУ и канцеларка го продолжи курсот на политичкиот центар, ЦДУ требаше да биде синоним за „центар“. Но, Меркелината ЦДУ истовремено прилично се рашири во „центарот“, окупирајќи социјалдемократски теми. Поранешните традиционални конзервативни теми кои го одредуваа профилот на ЦДУ – атомската енергија или задолжителна воена обврска на пример, беа напуштени. Целта беше победа на изборите, како што истакна неодамна во интервју за Дојче веле и политичарот на ЦДУ, Родерих Кизеветер: Без курсот на центарот на Меркел, „ние веќе од пред 10 до 15 години ќе бевме во опозиција“. Но, курсот на политичкиот центар покажа и пропратни дејства. „На десниот спектар потпомогнавме појава на десничарска партија." 

Градилиштата на ЦДУ

А денес? Старите борбени поими „десница“ и „левица" со АфД и Партијата на левите доживеаја реанимација. Тоа се отсликува во агресивните дебати и закараните табори. Што стана сега од „центарот“?

Социјалдемократите во моментов имаат подредена улога, зашто со околу 15 проценти во анкетите на јавното мислење ги проиграа своите претензии за народна партија.

Почнатата битка за наследник на Меркел во ЦДУ се врти и околу прашањето дали и во кој правец да се растегне „центарот“ – повторно кон конзерватизмот или повеќе налево? Еден од кандидатите, Норберт Ретген, својата агенда ја опиша со зборовите: „Ние сме партија на центарот“. Со другите кандидати, Јенс Шпан и Фридрих Мерц, партијата напротив може да направи чекор кон десно.

Повеќе:

Германската демократија е загрозена

Партијата на Меркел во идентитетска криза

Земјотрес во ЦДУ: Меркел ја губи моќта

Бурата околу Тирингија ја ниша германската влада

Во „центарот“ демне и втор проблем: поларизираноста на средниот слој. Помодерниот дел, урбаното академско милје, во меѓувреме радо гласа за Зелените, кои од пред неколку години и самите се наоѓаат на курс на граѓанскиот центар. Со свртување кон десно, ЦДУ нема да ги преосвои овие гласачи.

Социологот Андреас Реквиц во еден неодамна објавен есеј претставува две варијанти како можност за разрешување на повеќестрано конфликтната ситуација. Партиите на политичкиот центар можат да успеат повторно да интегрираат широки делови на гласачкото тело. Или, ќе се случи поларизација како меѓу Макрон и Ле Пен или Трамп и Демократите. Во Тирингија веќе настапи втората варијанта. ЦДУ се обидува да ја стави ситуацијата под контрола, но досега безуспешно.

DW.COM

Реклама