Парламентот ја разреши Катица Јанева | Северна Македонија | DW | 14.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Парламентот ја разреши Катица Јанева

Собранието денеска едногласно ја разреши специјалната обвинителка Катица Јанева. Се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја испрати одлуката до Советот на обвинители уште во текот на денешниот ден.

Пратениците во Собранието ја донесоа одлуката за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева со 102 гласа „за, и без гласови „против“ или „воздржан“. Одлуката сега треба да биде испратена до Советот на Јавни обвинители, каде треба да биде констатирана. Се очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја испрати одлуката до Советот на обвинители уште во текот на денешниот ден.

Катица Јанева, која е во притвор и е осомничена во случајот „Рекет“, е разрешена поради тоа што работела незаконски, нестручно и несовесно. Четиригодишниот мандат на Јанева, инаку, завршуваше утре, 15 септември.

 Mazedonien, Skopje: Parlamentssitzung über Verfassungsänderung (Regierung Mazedonien)

Јанева е разрешена едногласно, како што беше и изгласана за специјална обвинителка во 2015 година

Во текот на парламентарната седница координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека „секое правно лудило, експеримент, занес завршува вака“: „Секогаш кога државата не се држи до Уставот, секогаш кога Собранието носи неуставни закони, секогаш кога правните и државните органи кога беше кажано дека СЈО е неуставно не реагираат, работите завршуваат вака, со големи последици", рече Димовски.

Повеќе: 

Предметите од СЈО одат во ЈО

Мавтањето со документи за „Рекет“ го носи Мицкоски во обвинителство?

Лидерите се сокрија, преговорите пропаднаа

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, пак, наведувајќи дека СДСМ смета оти „правда мора да има секој што се огрешил од законот“ и дека ќе гласаат за разрешување на Јанева, уште обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер се’ уште работеле по насоки од Груевски со цел да се спасат обвинетите екс функционери од партијата: „Сега е јасно зошто преговорите помеѓу Заев и Мицкоски не успеале, Мицкоски прави се’ за да пропаднат предметите на СЈО. Политичките игри и манипулации со јавноста кои се обидува да ги протне ВМРО не поминуваат. Граѓаните знаат кој ги штити криминалот. Мицкоски сака да издејствува амнестија за претходните обвинети функционери“, рече Митрески.

DW.COM

Реклама