Можел ли училишниот полицаец да го спречи масакрот?
Локалниот шериф на областа Бровард, Скот Израел изјави оти вооружениот училишен полицаец во гимназијата во Флорида не реагирал за време на нападот во кој беа убиени 17 ученици од училиштето. Израел рече дека вооружениот полицаец за време на нападот стоел пред училиштето и не влегол во зградата. Тоа го покажуваат снимките на камерите за надзор, како и изјавите на очевидци.
„Ужаснат сум и тешко ми е. Тој не влегол.“, рече локалниот шериф. Според неговите зборови, полицаецот прво бил суспендиран, а потоа самиот дал отказ.
Повеќе:
-Трамп може да си замисли вооружени наставници
-Трамп сака да ги забрани додатоците за рафална стрелба
Најмалку 17 лица беа убиени во гимназијата во Паркланд, во нападот кој го изврши 19-годишен поранешен ученик во тоа училиште. Осомничениот Николас Круз на социјалните мрежи, како што е речено, објавувал пораки со многу „загрижувачка содржина“.
Круз нападот го изврши со полуавтоматска пушка АР-15.
Нападот се случи во време кога се завршуваат часовите во средното училиште Марџори Стоунмен Даглас во Паркланд, на источниот брег на Флорида меѓу Бок Ратон и Форт Лодердејл. Во училиштето учат околу 2000 ученици.