Парите ги скараа ЕУ-членките | Економија | DW | 21.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Парите ги скараа ЕУ-членките

Самитот на ЕУ посветен на долгорочниот буџет заврши без договор откако земјите-членки не успеаја да се усогласат околу поделбата на средствата. Сиромашните бараат повеќе, богатите даваат помалку.

И последниот обид на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел вечерва да ги седне на заедничка маса 27-те лидери на ЕУ-членките заврши неуспешно откако тие го одбија неговиот компромисен план.
Одредувањето на седумгодишниот буџет никогаш не минувало лесно, но овојпат битката е далеку потешка по излезот на Британија која зад себе остави дупка од 75 милијарди евра.
Кавгата околу буџетот за периодот 2021-2027 и неговата поделба ги стави на виделина поделбите меѓу земјите од северот и југот, од западот и истокот, како и меѓу поразвиените и помалку развиените економии.
Данска, Австрија, Шведска и Холандија- уште наречени и „скржавата четворка“- на самитот пристигнаа со цврст став дека нема да дозволат буџет кој ќе надминува 1% од брутодомашниот производ. Четирите земји инсистираат дека нема да дозволат буџет од кој една третина од парите ќе се троши за развој на сиромашните региони, и уште една третина за поддршка на земјоделците, имајќи предвид дека земјоделството учествува со само 1% во економијата на ЕУ.
Земјите-корисници на заедничкиот буџет, од друга страна, бараа и зголемување на досегашното учество од 1,074%- еднакво на илјада милијарди евра.
Посиромашните источни и јужни ЕУ членки сакаат да ја задржат помошта за развој, и во тоа имаат поддршка од Франција, Ирска и други кои сакаат да ги задржат субвенциите за земјоделството. 
Компромисниот предлог на Мишел ќе го ограничеше учеството на земјите-плаќачи на 1,069% од континенталниот БДП, но лидерите експресно го одбија тој предлог.
„За жал сфативме дека не е можно да се стигне до договор. Потребно ни е повеќе време“, рече Мишел.

„Во минатото секогаш ни биле потребни два или три самити за да дојдеме до решение“, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека разликите биле преголеми за да се дојде до договор и рече дека ќе продолжат да работат на изнаоѓање компромис.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама