Парастос за идејата за промена на границите? | Свет | DW | 13.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Парастос за идејата за промена на границите?

По берлинскиот самит за Западниот Балкан се чинеше дека идејата за промена на границата меѓу Србија и Косово е закопана. Но Тачи и Вучиќ изгледа не се откажуваат од неа. Што за тоа мислат аналитичарите во Приштина?

Дали идејата за „разграничување“ односно „корекција на границите“ меѓу Србија и Косово е мртва? Премиерот на Косово Рамуш Харадинај тврди дека е така. Тој смета дека е тоа потврдено и на самитот за Западниот Балкан во Берлин и за ДВ објаснува:
„Ние сме подготвени на договор за признавање. А доколку Србија не е подготвена, ние ќе причекаме“.

„Метафорички кажано, јас мислам дека чекањето е смрт. Но, ако чекањето ја елиминира можноста од судир, тогаш е подобро да се чека“, смета политичкиот аналитичар од Приштина, Бехљуљ Бечај. Неговата оценка на досегашниот тек на преговорите меѓу Србија и Косово е прилично остра: „За жал, дијалогот не беше реален. Дијалогот беше фарса. Се насобраа негативни тенденции, пред сѐ во смисла на реториката, која ги зголемува секојдневните тензии, а потоа и во смисла на конкретни одлуки, како што се царините“, вели Бечај.

Нешто помеѓу

Приштинскиот новинар Ваљон Суља не мисли дека приказната за границите е завршена. „Додека таа идеја не се убие во Белград или во Приштина, таа воопшто не е мртва. Разграничувањето е максималната српска позиција во овие преговори, максималната приштинска позиција е корекција на границите, а она до што може да дојде е нешто помеѓу. Тоа ќе биде некаков процес на демаркација, значи нема да има ни размена на територии ни поделби. Од големите сили, кои беа спонзори на косовската независност, само Германците се против тоа“.

Politikwissenschaftler Behlul Beqaj (DW/I. Đerković)

Бехљуљ Бечај: Дијалогот беше фарса

Според Суља, не постои друго решение во моментов. „Тие нам ни велат: седете си таму, нема визи, нема инвестиции, молчете и трпете. Тоа не може да биде сценарио“.

„Ни Рамуш Харадинај нема предлог за конечно решение. Тој само вели: вака не може. А како може, тоа не знае. Нашиот премиер мисли дека е времето на Рамбује, дека четири косовски лидери ќе се состанат со српските лидери и дека сето тоа ќе биде дел од некаков голем меѓународен договор. Премиерот нема ни доволно пратеници во парламентот. И Тачи и Весељи, кој и да сака, може да го урне за 24 часа“, вели Суља. 

Journalist Valon Syla (DW/I. Đerković)

Приштинскиот новинар Ваљон Суља смета дека идејата за промена на границите останува актуелна


Политичкиот аналитичар Бечај објаснува дека се противи на корекција на границите затоа што смета дека луѓето всушност не се незадоволни поради територијата. „Политиките, односно политичките дела се причината зошто Албанците се незадоволни во Србија, а Србите незадоволни во Косово. И јас не велам дека Србите се незадоволни без причина. Јас ги обвинувам нашите политичари што не пронајдоа адекватен модус за Србите да ги прифатат косовската држава и косовските институции како свои“. 

 „За жал, нашето раководство, наместо да пронаоѓа адекватни решенија и да работи на изградба на меѓусебната доверба, во суштина ги помага настојувањата на политичарите од Србија дека Србите не го гледаат решението на своите проблеми во Косово, туку во Белград“, заклучува Бечај.

DW.COM

Реклама