Параолимпијадата и општествените промени | Панорама | DW | 07.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Параолимпијадата и општествените промени

Параолимпијадата за прв пат ќе се оддржи во јужноамериканска земја. Лобистите за правата на луѓето со инвалидитет во Бразил, се надеваат дека игрите ќе придонесат за општествени промени.

Огромната арена за одбојка на плажа која се користеше за време на Олимписките игри во Рио станува помала од ден на ден. Додека истата се демонтира, се прави место за новиот, голем спортски настан - Параолимписките игри.

Параолимписките игри досега пет пати биле одржани во Северна Америка, но кога 4.300 атлети од повеќе од 170 земји ќе го отворат натпреварувањето утре, четврток, тоа за прв пат ќе биде во јужна Америка.

Организаторите сметаат дека фактот што Рио е домаќин на Параолимписките игри е знак за прогрес за 30 милиони лица со инвалидитет кои живеат во Бразил.

Ситуацијата за инвалидизираните лица во Бразил е измешана. На позитивната страна, Уставот на Бразил од 1988 година признава два официјални јазици во земјата: Поругалски и бразилски знаковен јазик, исто така познат и како Либрас. Бразил беше една од земјите кои први ја потпишаа конвенцијата на ОН за Правата на лицата со инвалидитет и многу од одредбите влегоа во националното законодавство минатата година. Тие вклучуваат право на пристап без ограничувања, квоти за вработување на инвалидизираните лица на пазарот на труд и правото на пристап до кучиња водичи.

Ова се изгледа добро на хартија, но како што истакна Венцел Михалски, директорот на германскиот огранок на Хјуман рајтс воч: „Во фавелите милиони луѓе можат само да сонуваат за слободен пристап“.

Модернизирање на јавниот превоз

Луѓето со инвалидитет кои живеат во фавелите често не можат да обезбедат образование, лекови или добри инвалидски колички. Според една студија, 80% од луѓето во Бразил со инвалидитет чувствуваат дека не се доволно почитувани. Овој процент може да се зголеми бидејќи нееднаквоста во Бразилското општество генерално расте.

„Сакаме Параолимписките игри да бидат точка на свртување“ изјави Ендру Парсонс. Поранешниот новинар е претседател на Бразилскиот параолимписки комитет од 2009 година. „За нас, ова е револуција“ додаде тој.

Најпрофитабилниот спонзорски договор

Бразил се издигнува во светот на спортовите за инвалидизирани лица. Параолимпискиот комитет на земјата доби официјален статус од владата во 1998 година, а во 2001 година почна да се финансира од државната лотарија. Бразилските телевизиски станици ја емитуваат Параолимпијадата од 2004 година. По освојувањето на 14-то место на табелата со вкупни медали на игрите во Атина во 2004 година, во игрите кои се одржаа во Пекинг во 2008 година Бразил се искачи на 9-то место, а во Лондон четири години подоцна на 7-то место. Бразилците го имаат најпрофитабилниот спонзорски договор од било кој Параолимписки комитет во светот со банката Каикса, која е во сопственост на државата, а договорот вреди 8 милиони евра.

Поддржувачите на Параолимпијадата секогаш истакнуваат дека Параолимписките игри можат да дадат иницијатива за подобрување на условите за инвалидизираните лица во земјата домаќин. По игрите одржани во Сиднеј во 2000 година, австралиската влада ги промени стандардите за градба со цел да се подобри пристапноста, но го намали финансирањето за спортовите. Во Атина, посетителите сеуште ја користат инфраструктурата изградена за игрите.

Потребата од размена на информации

„Постојано слушам дека луѓето со инвалидитет во Кина се повеќе видливи отколку што биле порано“ вели поранешниот параолимпиец и освојувач на 12 параолимписки медали Верена Бентеле. „Би било добро ваквиот развој подетално да се документира. Треба да постои постојана размена на информации помеѓу спортските федерации и градовите домаќини на игрите. Ова би било од интерес за идните домаќини“, изјави Бентле, која беше назначена за ополномоштеник за прашања поврзани со лицата со инвалидитет од германската влада.

Бразил суште има долг пат пред себе. Многумина ги критикуваат високите трошоци за одржувањето на Параолимпијадата додека лицата со инвалидитет кои живеат во фавелите се соочуваат со големи проблеми за да излезат од своите домови.

Ендру Парсонс укажува на придобивките од изградбата на нов центар за лицата со инвалидитет во Сао Паоло кој ќе има капацитет за 15 различни спортови и кој ќе може да се користи како центар за рехабилитација за жртви на несреќи.

„Сакаме да го отвориме овој центар и за атлетичари од останатите земји во Латинска Америка“, изјави Парсонс.

Реклама