Папа: Повеќе нема да има прикривање на сексуалното злоставување | Свет | DW | 21.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Папа: Повеќе нема да има прикривање на сексуалното злоставување

Папата Франциско денеска порача дека забошотувањето на сексуалните злоставувања во католичката црква претставува најголем скандал, кој заслужува најостра осуда.

Папата на традиционалниот божиќен прием за водечките соработници во Римокатоличката црква вети дека црквата веќе „никогаш“ нема да ги прикрива случаите на сексуални напади и побара од свештениците кои силувале или злоставувале деца самите да се пријават.

Папата своето божиќно обраќање пред римската курија го посвети на злоставувањето, што е доказ дека сите откритија кои годинава излегоа на виделина во јавноста го разнишаа неговиот понтификат и доведоа до криза на довербата во католичката хиерархија.

Тој призна оти црквата во минатото сериозно не се занимавала со овие проблеми, но вети дека во иднина никогаш нема да прикрие или отфрли случаи и оти ќе „стори сѐ што може“ педофилите да се соочат со правдата.

Папата ги повика жртвите да истапат и им упати предупредување на злоставувачите.

„Променете се и предадете се на човечкото правосудство, и подгответе се за божјата правда“, наведе папата.

 

DW.COM

Реклама