Фотографија на денот: Ирак се подготвува за пречек на папата | Свет | DW | 05.03.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Фотографија на денот: Ирак се подготвува за пречек на папата

Папата Франциско денеска тргнува во четиридневна посета на Ирак. Тоа е прва посета на еден поглавар на Римокатоличката црква во земјата која носи големи рани од војни и поделеност

Папата Франциско во видео-порака пред тргнувањето порача дека сака да моли за „проштевање и помирување по годините на војна и тероризам“. Од падот на Садам Хусеин во 2003 година, од Ирак избега мнозинството ирачки христијани. Од некогашните 1,5 милиони христијани, во Ирак денес, според проценките, се останати само помеѓу 200 и 400 илјади христијани.

Ова е прва посета на еден папа на земја со мнозинско шиитско население. На нашата #ФотографијаНаДенот вработени во градот Багдад чистат пред огромен плакат со ликот на папата Франциско поставен пред католичката црква Сајидат-ал-Нејат.