Папата не сака големи прослави | Свет | DW | 17.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата не сака големи прослави

Во дух на својата скромност, папата на својот 80-те роденден појадуваше со осуммина бездомници.

На својот 80-ти роденден, папата Франциско во Ватикан појадуваше со осум бездомници. Роденденските гости од улица на папата му честитаа со три букети цвеќе. Бездомниците потекнуваат од Италија, Романија, Молдавија и Перу.

Потоа папата одржа миса со кардиналите во Паулинската капела на Апостолската палата. Освен мисата, папата денот го поминува како и секој обичен. Неговиот роденден му го честитаа бројни верници, тој прими 50.000 електронски пораки. Папата Франциско на Твитер го следат преку 10 милиони луѓе и според анкетите е поомилен отколку Барак Обама, Ангела Меркел или бројни други меѓународни политичари. Во трите години на функцијата, папата во секој случај придонесе да задуваат свежи ветрови во Римокатоличката црква.

 

 

DW.COM

Реклама