1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Papst Franziskus und der russisch-orthodoxe Patriarch Kirill
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/G. Borgia
Религија

Папата нема да се сретне со рускиот патријарх

ЕМФ | агенции
22 април 2022

Ватикан ја откажа планираната средба на папата Франциско со рускиот патријарх Кирил, која што требаше да се одржи во Ерусалим.

https://p.dw.com/p/4AJV7

„Жалам што Ватикан мораше да ја откаже втората средба со патријархот Кирил планирана за јуни во Ерусалим“, изјави папата Франциско за аргентинскиот весник „Нација“. Според поглаварот на Римокатоличката црква, дипломатите во Ватикан советувале откажување на плановите за средба, затоа што средба со рускиот патријарх Кирил, кој даде поддршка на руската војна во Украина „во моментов може да предизвика голема збунетост“.

Папата Франциско во интервјуто за весникот „Нација“ изразува жалење поради откажувањето на средбата. Агенцијата Ројтерс пред две недели објави дека Ватикан разгледува можности за продолжување на патувањето на папата во Либан (12 и 13 јуни) за еден ден, за тој да може на 14 јуни да се сретне со рускиот патријарх Кирил во Ерусалим.

Папата Франциско и патријархот Кирил последен пат се сретнаа во 2016 година на Куба. На средината од март годинава двајцата преку видео-врска зборуваа за состојбата во Украина. Папата Франциско смета дека негова посета на Киев во моментов не е од голема полза. „Каква полза од тоа папата да отпатува во Киев, ако војната продолжи наредниот ден?“, вели поглаварот на Римокатоличката црква.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Зградата на бугарскиот парламент

РСМ - тема и на последната седница на бугарското собрание

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница