Папата во Мјанмар- очајничка потрага по мир | Свет | DW | 27.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Папата во Мјанмар- очајничка потрага по мир

Токму сега и токму Мјанмар. Што бара еден папа во земја во која будисти вршат прогон на муслиманите Рохинга и во која речиси и нема католици. Астрид Пранге смета: папата не оди таму каде е убаво, туку тешко и опасно.

При посетата на папата Франциско на Мјанмар и Бангладеш, не станува збор само за знак на солидарност кон муслиманите Рохинга туку и повеќе од тоа. Станува збор за очајничка борба против верско лудило и верски војни. Бидејќи политичкото искористување на верата не разгорува конфликти само во Мјанмар, туку и во целиот свет.

Уште пред 10 години десетици илјади будистички свештеници протестираа против воениот режим во Рангун. Денес многумина од нив ја поддржуваат војската. Националистичкиот монах во Тусеит им рече на новинарите: „Јас верувам во војската кога таа вели дека Рохинга сами ги палат своите куќи.“

Мекиот глас на проповедниците за омраза

Во тензичната ситуација папата Франциско сака да апелира на совеста на верските лидери. Сака да испрати сигнал против верското лудило кое е често и државна религија. Затоа и оди во Мјанмар каде будизмот е службена вера во државата. И сака да спречи нова верска војна во Мјанмар и во соседните земји каде веќе постојат конфликти меѓу будистите, муслиманите и хиндусите.

Во Мјанмар бидистичките фундаменталисти уште од 18 век ја бранат „чистотата“ на нивната вера против влијанијата од странство. Денес тврдат дека својата татковина ја бранат од „муслимански продор“. За тоа добиваат поддршка од будистичките заедници од Тајланд и од Шри Ланка. Исламистичките фундаменталисти во регионот пак го инструментализираат прогонот на Рохингите. Според истражувањата на Меѓународната кризна група, меѓу бегалците од Мјанмар се мешаат и милитарни муслимани кои таму ги праќа Саудиска Арабија. Тие ја пренесуваат исламистичката државна идеологија и во Мјанмар каде досега владееше размерно умерена форма на ислам, пишува во извештајот.

Kommentarbild Astrid Prange (DW/P. Böll)

Астрид Пранге, авторка на коментарот

Прогонети христијани

Од каде папата има уверување оти среде таа експлозивна мешавина некој воопшто ќе обрне внимание на неговата посета? Зошто претежно будистичкото население воопшто ќе го интересира мислењето на поглаварот на католичката црква?

Одговорот гласи: папата ќе ги затекне жителите на Мјанмар во нивното секојдневие и додека е сѐ уште живо сеќавањето на долгогодишната војна диктатура. Тој кога зборува за прогонот на верските и етничките малцинства, тоа допира до многу жители, па така и до тамошните католици.

А католиците, кои се едвај 1 отсто во Мјанмар, со десетлетија беа прогонувани под воената диктатура. Така во 1965 година Советот на револуцијата (тогаш уште Бурма) ги одзеде нивните училишта и болници. Во меѓувреме придонесува за национално помирување меѓу различните групи во земјата. Од политичкото отворање во 2010 година повторно е дозволено работење на црковни хуманитарни организации, дозволено им е и образование на свештеници.

Како поука од долгогодишното прогонство може да се разбере дека локалните кардинали и бискупи го советуваат папата Франциско воопшто да не го користи поимот Рохинга. Официјално во Мјанмар на оваа етничка група не сакаат да ѝ се признае ни името, туку ги викаат „муслимани од областа Рохинга“. Католичките поглавари сѐ уште се плашат оти само користењето на името на оваа група ќе предизвика нов бес и прогон на католиците, најдоцна кога ќе си замине папата.

Можност да се слушнат зборови за мир

Ќе се придржува ли папата до тој совет, тоа е важно прашање. Како „политички папа“, папата Франциско и во оваа чувствителна мисија сака повторно да поттикне мир. Бидејќи на „бискупот од другиот крај на светот“, како што се нарече самиот по својот избор во 2013 година, му се отворени сите врати. Тој ќе сретне и со главниот заповедник на вооружените сили на Мјанмар, Аунг Хиланг, исто како и со претседателката на владата Аунг Сан Су Ќи.

А ќе разговара и со будистичките монаси на меѓуверската мировна екуменска средба. Во актуелната ситуација оваа средба има исклучително значење. Таа на верските лидери кои се залагаат за мир барем на кусо време им пружа повеќе внимание од целата јавност отколку на зборовите на фанатичните проповедници на омраза.

Таа покажува дека помирувањето и разбирањето можат да бидат посилни од уништувањето и одмаздата. Бидејќи не можат владите на државите да спречат верска радикализација, туку тоа можат да го сторат верските лидери. И крајно време е за тоа.

 

DW.COM

Реклама