Паника на нафтениот пазар по нападот во Саудиска Арабија | Свет | DW | 16.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Паника на нафтениот пазар по нападот во Саудиска Арабија

Нападите врз саудиските рафинерии за време на викендот предизвика вонредна состојба на енергетските пазари, и политичка криза која се заканува да ескалира откако САД го обвинија Иран за нападот.

САД го обвинија Иран за нападите врз саудиските рафинерии кои предизвикаа драматичен прекин со снабдувањето со нафта во светски рамки, и покрај тоа што бунтовниците Хути од соседен Јемен ја презедоа одговорноста.
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека има „причина да верува дека го знае сторителот“, додавајќи дека Вашингтон е „на готовс“ да одговори, во очекување на повеќе информации од Саудиска Арабија. 


Шефот на британската дипломатија Доминик Раб изјави дека нападите претставуваат „безобзирно нарушување на меѓународното право“. Сепак, тој не го обвини Иран, оценувајќи дека сликата не е целосно јасна.
Сателитски фотографии на САД покажуваат „17 точки на удар“ во рафинеријата во Абкаик. Уште два напади биле изведени врз рафинеријата Кураис. Високи американски функционери тврдат дека нападите најверојатно биле лансирани од Ирак или Иран, но не би можеле да потекнуваат од Јемен. Еден анонимен претставник на САД тврди дека постои можност во нападот да биле користени и крстосувачки ракети. Бунтовниците Хути тврдат дека во нападот користеле дронови.

Saudi Arabien Luftbilder Drohnenangriffe auf Ölanlage (European Commission/AP)

Сателитска снимка на Европската комисија ги покажува последиците од нападот

Досега, ни Саудиска Арабија ниту државната фирма Сауди Арамко не објавија колкава е штетата од нападите, но цените на нафтата на глобално ниво драматично растат, откако земјата го преполови производството на нафта.

На понеделничкото отворање на берзите, цената на нафтата порасна за 10 проценти. Аналитичарите велат дека долгорочното влијание на цената на нафтата ќе зависи од должината на кризата. Американскиот претседател веќе одобри користење на државните резерви на нафта, додека за сличен потег размислуваат и Русија и Јужна Кореја.

Нападите дополнително ги разгореа тензиите во регионот. Иран и Ирак отфрлија било каква одговорност.
„Ги осудуваме тие сомнежи како неприфатливи и целосно без основа“, соопшти иранското МНР. И официјален Багдад демантираше дека нападот бил изведен од територијата на Ирак.

Коалиција предводена од Саудиска Арабија веќе четири години е вмешана во крвав конфликт против шиитските Хути бунтовници во Јемен. Повеќе од 10 илјади загинаа во судирите, а милиони се под закана од болести и прегладнување.

 

DW.COM

Реклама