Пандемијата беснее- во втор план: Нов рекорд на заразени во Германија | Информации и анализи за Германија | DW | 24.03.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Пандемијата беснее- во втор план: Нов рекорд на заразени во Германија

За првпат од почетокот на пандемијата на коронавирусот, во Германија се забележани повеќе од 300.000 нови инфекции за еден ден. Со оглед на ова, синдикатите предупредуваат да не се укинува обврската за носење маски.

Рекорден број на регистрирани случаи на Ковид-19 во Германија. Но вистинската бројка, која ги вклучува и нерегистрираните инфекции е многу поголема, сметаат експертите.

Рекорден број на регистрирани случаи на Ковид-19 во Германија. Но вистинската бројка, која ги вклучува и нерегистрираните инфекции е многу поголема, сметаат експертите.

Според Институтот Роберт Кох (РКИ), здравствените заводи во Германија пријавиле 318.387 нови инфекции со коронавирусот во последните 24 часа. Пред една недела беа регистрирани 294.931 случаи. РКИ наведе дека седумдневната инциденца изнесува 1752  - што, исто така, е рекордна состојба.  За споредба, еден ден претходно вредноста изнесуваше 1734.

Експертите велат оти има голем број случаи кои не се евидентирани во податоците на РКИ. Една од причините е ограничениот капацитет на здравствените власти и тоа што честопати контактите се следат само во ограничен обем.

Се зголемува и стапката на хоспитализација

Зголемен е и бројот на пациенти заразени со коронавирусот во германските клиники. РКИ пријави инциденција на хоспитализација, хоспитализација на 100.000 жители во рок од седум дена, во средата вредноста изнесуваше 7,23 , а во вторникот 7.08.

Според новите информации, во Германија во последните 24 часа се регистрирани 300 смртни случаи. Пред една недела имаше 278 смртни случаи. Бројот на луѓе кои починале од или со САРС-КОВ-2 се искачи на 127.822.

Со оглед на рекордниот број на инфекции, синдикатот за услужни дејности Верди се изјасни против укинување на обрската за носење маски во малопродажбата. „Ние сме критични кон укинување на обврската за носење маска во сегашната ситуација со оглед на големиот број инфекции, особено за сè што се случува на јавни места, вклучително и во малопродажбата“, рече членката на извршниот одбор на Верди, Стефани Нуцбергер.

„Отсуството на заразените наставници тешко ги погодува училиштата“

И образовните синдикати предупредуваат дека училиштата ги достигнуваат границите на оптоварување со оглед на пандемијата на коронавирусот и на актуелното високо ниво на зараза. „Отсуството на наставници поврзано со коронавирусот во моментов силно ги погодува училиштата“, изјави Ања Бенсингер-Штолце, член на одборот на Синдикатот за образование и наука (ГЕВ).

Гледај видео 02:02

Автобус за вакцинирање: Трка со времето

„Бројот на боледувања ќе продолжи да расте во наредните недели бидејќи мерките за заштита од коронавирусот треба во голема мерка да бидат укинати“, предупреди таа. Ова е погрешна политичка одлука, истакна Бенсингер-Штолце. 

 

 

Поврзана содржина