Паметниот дом во фокусот | Панорама | DW | 07.01.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Паметниот дом во фокусот

Вмрежани апарати за домаќинство, еластични екрани, интелегентни автомобили. Саемот ЦЕС во Лас Вегас навистина презентира многу новини, но сепак столбови на прометот остануваат смартфоните, таблетите и телевизорите

Меѓународниот саем за електроника ЦЕС, кој секогаш на почетокот на годината привекува окоу 150 илјади посетители во американскиот пустински град, е еден од водечките саеми за ИТ браншата во светот.

„Многу производители на информатичка технологија, забавна електроника и на мобилни телефони го користат ЦЕС како прв сам во годината за претставување на новите производи и се обидуваат таму да ги определат трендовите на годината“, вели Фолкер Зота, уредник во германскиот компјутерски магазин „Ц'т“. „Пред сѐ старт-ап компаниите таму сакаат да остават добар впечаток“, додава тој.

Но, најнапред таблет-компјутерите и смартфоните, адутите со највисоки стапки на раст во продажбата, и годинава остануваат магнети за посетителите на ЦЕС. Пред сѐ во Кина претстои огромен раст на бројките на корисници со маршот на смартфон-револуцијата од големите градови во провинцијата, предвидува водечкиот аналитичар во организаторот на саеми ЦЕА Стив Кениг. Според него, САД ќе мораат на долг рок да се помират со второто место во светскиот бизнис со електроника.

Раст во Азија

Бумот на новите пазари во истовреме нема да значи и генерален раст на прометот во индустријата, зашто таму каде што расте побарувачката, најбарани се поевтини апарати. Од вкупно 1,2 милијарди смартфони, кои според проценките на ЦЕА ќе бидат испорачани годинава, 70 проценти ќе заминат во растечките пазари, пред сѐ во Азија. Поради тоа просечната цена на еден смартфон од 444 долари во 2010. година ќе се намали на 297 долари.

И кај таблетите Кениг гледа сличен развој: „За да се продре длабоко во пазарите на овие земји потребни се ценовно поволни апарати“. Кај таблетите тоа најчесто се овозможува со помали екрани. Но, и во САД таблетите со диагонала на дисплејот помала од десет цола ќе сочинуваат две третини од пазарот.

Смартфони како контролен центар

Меѓутоа дури и ако експертите очекуваат најголеми стапки на раст за Азија, пазарот на смартфони во индустриските земји ни од далеку не е заситен. Имено, паметните мобилни телефони добиваат сѐ повеќе задачи. Колку повеќе апарати за домаќинство се поврзуваат со интернет, толку поважни стануваат мобилните апарати со интернет пристап.

„Смартфоните и таблетите стануваат контролни центри за сите овие поврзани апарати“, вели главниот економист на ЦЕА, Шон Дубравак. Еден термостат поврзан на интернет би можел да го засили греењето, додека сопственикот на куќата со неговиот смартфон се движи накај дома.

Кореанскиот производител Самсунг, како број еден во светот во прометот со смартфони, има претензии и за водечката улога во целокупно вмрежаниот дом. Јужнокорејците на ЦЕС ја претставуваат платформата „Самсунг паметен дом“ („Samsung Smart Home"), според која целокупната техника за домаќинство - од фрижидер до машина за перење алишта, би требла да се управува преку смартфон или таблет.

Свитливи екрани

Кај домашните телевизори, трендот за интернет приклучок речиси е веќе стара песна. Во 2010. година во германските домажинства само 4,1 милион телевизори и други видео апарати беа поврзани со интернет. Во 2013 веќе имаше 14 милиони такви апарати. Продажните бројки меѓутоа стагнираат. Големите спортски настани како Зимските олимписки игри или, пак, Светското првенство во фудбал би требале да се погрижат за нов полет, додека производителите рекламираат свитливи, односно еластични екрани, четирикратна ХД резолуција и дијагонали на екранот до 2,66 метри.

Токму неколку дена пред Самиот за автомобили во Детроит, ЦЕС во Лас Вегас се повеќе станува платформа за вмрежаните автомобили. Така Ауди најави соработка со Гугл, која предвидува воведување на оперативниот систем за мобилни апарати Андроид во возилата на германскиот производител. И американскиот гигант Џенерал Моторс за наредниот модел на своето спортско возило „Корвета Спрингреј“ претстави снимач на слика, тон и информации за возењето.