Пакистански авион со 37 патници исчезна од радарите | Свет | DW | 07.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пакистански авион со 37 патници исчезна од радарите

Според информациите на авиокомпанијата „Пакистански меѓународен авиопревозник“, авион кој сoобраќал на домашен лет исчезнал од радарите.

Комерцијален авион со 37 патници и десетина членови на екипаж изгубил контакт со контролата на летот, изјави портпарол на авиокомпанијата „Пакистански меѓународен авиопревозник“. Авионот се обраќал на линијата Исламабад – Читрал, град на северот од земјата. Според информациите, контролата на летот изгубила контакт со екипажот на авионот кратко пред слетувањето.

Локални официјални лица за медиумите изјавија дека авионот од летот ПК-661 се урнал во северозападниот регион на земјата. Од авиокомпанијата изјавија дека ги користат сите ресурси да го лоцираат леталото и да испратат спасувачи на локацијата. Од пакистанската армија изјавија дека безбедносните сили се мобилизирани во барање и спасување на преживеани.

Реклама