Пакетите со експлозив не се изненадување во Трамповата Америка | Свет | DW | 25.10.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Пакетите со експлозив не се изненадување во Трамповата Америка

Американската тајна служба пресретна потенцијално опасни пакети со експлозив испратени до Барак Обама и Хилари Клинтон. Нема детали за мотивот или испраќачот, но тоа не е изненадување со оглед на однесувањето на Трамп.

Да почнеме со важно предупредување. Истрагата за потенцијано експлозивните направи кои беа испратени во домовите на поранешниот претседател Барак Обама, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, до Си-Ен-Ен, сѐ уште е во тек. Затоа не е разумно во овој момент да се шпекулира околу можната природа и позадина на веројатните терористички напади, кои се случија веднаш откако ист таков пакет беше испратен и на адреса на либералниот милијардер Џорџ Сорос.

Но можно е, па дури и неопходно, да се каже дека длабоко отровната, поделена по партиски линии американска политичка клима, во најмала рака, овозможи плодно тло за секој кој размислува за ваков политички мотивиран напад. Исто така е можно и неопходно да се каже дека претседателот Доналд Трамп е главната движечка сила зад драматичното влошување на политичката клима во земјата.

Michael Knigge Kommentarbild App

Михаел Книге

Поттикнување насилство

Трамп водеше и победи на изборите врз база на кампања исполнета со омраза и ад-хоминем напади против политичките ривали и медиумите, кои повеќепати ги прогласуваше за непријатели на народот. Тој има долго досие на користење опуштен јазик и нејасни закани кон секој кој искажува несогласување или критика за неговите политики или изјави. Само неколку примери во случајот со Клинтон: охрабрување на масите да извикуваат „затворете ја“, предлози до поддржувачите на неограниченото носење оружје да сторат нешто за да ја сопрат, сугерирање дека тајната служба веќе не треба да носат оружје додека ја чуваат „па да видиме што ќе ѝ се случи“. Не е потребно многу логика за да се сфати дека порано или подоцна некој поддржувач на Трамп ќе ги сфати неговите изјави како толеранција, или дури и директен повик, за политички мотивирано насилство.


На неговите митинзи, тој постојано инсинуира насилство против медиумите и противниците. Пред помалку од два месеци, на затворена средба со евангелистите, Трамп ја предупреди групата дека ќе има „насилство“ од левицата доколку Демократите победат на изборите за Конгресот.

Потпалувачката реторика на Трамп е базирана на желбата за победа по секоја цена која не прифаќа критики и не знае за компромис. Додека тоа е проблематична диспозиција за една личност, истата е опасна која ја практикува претседателот на најмоќната држава во светот.

Никој веќе не му се смее на Трамп

Сето ова, се разбира, не е ништо ново. Но ние донекаде го нормализиравме однесувањето на Трамп откако ја започна претседателската кампања со говор во кој ги означи Мексиканците како „силувачи“ во летото 2015. Никој веќе не му се смее на Трамп.

Затоа што во кусите три години откако пристигна на политичката сцена тој успеа самостојно да ја претвори Републиканската партија во сопствена политичка борбена машина. А како последица, тој ги поттикна и продлабочи веќе постојните длабоки поделби во земјата до степен кој се сметаше за невозможен. Тоа што некој негов поддржувач - или кој било впрочем - би можел да ги интерпретира зборовите и однесувањето на претседателот како повик за насилство кон политичките ривали, не треба никого да изненадува.

DW.COM

Реклама