Падна договор меѓу Заев и Ахмети за локалните избори | Северна Македонија | DW | 22.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Падна договор меѓу Заев и Ахмети за локалните избори

Целта е во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција. Договорена соработка во првиот и во вториот изборен круг.

СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори. Ваков договор е постигнат на денешната средба меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.  

„Имав одличен состанок со коалицискиот партнер и претседател на ДУИ, Али Ахмети. Се договоривме дека СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на претстојните локални избори“, соопшти премиерот по средбата. 

-повеќе на темата: Кога ќе се одржат изборите - на 17 или на 31 октомври?

Заедничка цел на двете партии ќе биде во предизборната коалиција да се вклучат што е можно повеќе партии од владината коалиција. Во тек се постапките за избор на најдобрите кандидати. Според Заев, тоа ќе бидат личности кои умеат и кои се подготвени да го дадат најдобриот резултат за граѓаните во секој град, во секое село, во секоја населба. 

„Меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадеме уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржиме во вториот круг. Согласни сме дека институциите имаат и обврска и капацитет да испорачаат целосно демократски, професионални и фер локални избори“, вели премиерот. 

Денеска премиерот изјави дека нема против да се одржат локалните избори на 17 октомври ако на тоа инсистира опозицијата, откако деновиве предложи изборите да се одложат на 31 октомври за да не се поклопат со пописот.  

 

Поврзана содржина