ОЈО: Истрага за изборното финансирање на СДСМ | Македонија | DW | 13.02.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ОЈО: Истрага за изборното финансирање на СДСМ

По пријава на неименувана институција Основното јавно обвинителство уште во минатата година покренало постапка за финансирањето на СДСМ за изборите на 11 декември.

Македонското основно јавно обвинителство (OЈО) денеска потврди дека отворило постапка против претседателот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз, Зоран Заев, поради сомнение за нерегуларности во изборното финансирање на партијата, објавија македонските медиуми. Во соопштението на скопскиот огранок на јавното обвинителство, за кој опозицијата тврди дека е под контрола на врвот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, не се наведува името на партијата против која се води постапката, но се прецизира дека е започната по пријавата на една институција, чие име не е откриено поради тајноста на постапката.

Телевизија Телма во петокот објави дека од 1 февруари ОЈО спроведува засилени активности во врска со финансирањето на СДСМ, на декемвриските избори, по што во јавноста се појави информација оти Специјалното јавно обвинителство за прислушкуваните разговори (СЈО) ја започнало завршната фаза на предистражната постапка за финансирањето на владејачката ВМРО на Никола Груевски за изборите во 2014. година.

Скопското обвинителство денеска соопшти дека постапката во врска со изборните нерегуларности „е започната уште во 2016. година“ и оти досега сослушало 70 сведоци и собирало документација, по пријавата по која се осомничени организаторите на изборната кампања на СДСМ, неколку лица и една фирма.

 

Реклама