Охрид-нема прием во НАТО во пакет | Вести | DW | 29.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Охрид-нема прием во НАТО во пакет

*

Земјите од Јадранската група нема да влезат во пакет во НАТО,изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Шефер, на Безбедносниот форум што се одржува во Охрид.Секоја држава ќе биде поединечно оценувана,а одлуката ќе биде донесена според заслуженото.

Македонскиот премиер Никола Груевски при обраќањето пак ја истакна надежта Македонија да добие покана за членство на самитот на НАТО во Букурешт.Дотогаш таа е подготвена да работи на исполнувањето на поставените стандарди.

Од работните групи во кои се дискутира денеска,има јасна порака за интергација на Балканот во НАТО и ЕУ,а дека планот на Ахтисари е основа за решение на идниот статус на Косово. На форумот се присутни делегации од 49 земји.