Отворање на зелените коридори – се укинуваат ПЦР тестовите за Србија и Албанија | Информации и анализи за Балкан | DW | 09.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Отворање на зелените коридори – се укинуваат ПЦР тестовите за Србија и Албанија

Македонските граѓани нема да плаќаат доколку се лекуваат од Ковид-19 при престој во овие две соседни земји. Министерот Венко Филипче соопшти дека трите земји работат на обезбедување на вакцина.

Граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија ќе можат да патуваат меѓусебно без ПЦР тестови, а ако се лекуваат од Ковид-19 при престој во некоја од овие земји нема да плаќаат за болничкото лекување. Ова се дел од одредбите во договорот кој денеска беше потпишан меѓу владите од трите држави, по состанокот преку видео врска на македонскиот премиер Зоран Заев, албанскиот Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ.

На состанокот е разговарано за сите аспекти на соработка во услови на ковид-кризата кои произлегуваат од иницијативата за напредна соработка во рамките на Берлинскиот процес и од меморандумот којшто го потпишаа трите земји

„Доколку некој граѓанин на Северна Македонија се разболи и треба да се лекува во Албанија или Србија, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да треба да плаќа од свој џеб. Истото ќе важи и за граѓаните на Албанија и Србија доколку се затечат на наша територија и им е потребна помош. Ова се моменти на солидарност, на трезвено размислување и на поткрепа која си ја даваме меѓусебно”, изјави премиерот Заев.

Тој најави дека трите земји меѓусебно ќе се поддржуваат и ќе си помагаат во моменти доколку се случи преоптоварување на здравствените системи.

„Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските оператори со кои се ублажуваат последиците од Ковид-19", додава Заев. Премиерот вели дека граѓаните и носителите на економијата ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР тест, со што ќе се ослободат од административен и финансиски товар.

Србија и Албанија денеска потпишаа и договор со кој граѓаните меѓу двете земји ќе можат да патуваат само со лична карта. Северна Македонија веќе има ваков договор со двете соседни држави.

Со заеднички сили до вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче по потпишувањето на Меморандум за соработка за регулирање на односите меѓу државите во услови на кризата со Ковид-19, соопшти дека земјите заеднички работата во обезбедување на вакцина.

„Ја интензивираме соработката со Србија и Албанија во справувањето со ковид- пандемијата. Веќе заеднички работиме на обезбедување на вакцина и ќе си помагаме доколку во некоја земја дојде до преоптоварување на здравствениот систем. Доколку наш државјанин се разболи и треба да се лекува во некоја од овие две земји, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да треба да плаќа од свој џеб. Истото ќе важи и за граѓаните на Албанија и Србија доколку во Северна Македонија им е потребна помош. Меморандумот кој денеска го потпишавме предвидува и движење на граѓаните и носителите на економијата помеѓу овие три земји без потреба од ПЦР тест“, објави Филипче.

 

DW.COM

Реклама