Осуда за убиствата во Малатија | Вести | DW | 19.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Осуда за убиствата во Малатија

Политичарите и претставниците на црквата во Германија како и претставникот на Ватикан во Турција монсењор Луиџи Падовезе жестоко го осудија убиството на три лица во една книжарница што печатела христијанска духовна литература во градот Малатија во Источна Турција . Трите лица кои биле со христијанска вероисповед биле со нож избодени до смрт.

„ Според првичните истражни постапки едно од лицата е германски државјанин . Второто лице е со турска националност а сеуште не е познато дали третото лице е турски или странски државјанин“-изјави гувернерот на малатија Ибрахим Дашез.